Wikipedia

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade

Една тинејџерка од Мисисипи прогласи победата по одлуката на PepsiCo да ги повлече бромираните растителни масла од својата серија на спортски пијалаци Gatorade.

Графени
Сара Кавана, средношколка од Мисисипи, ја започна петицијата за PepsiCo да престане да користи бромирани растителни масла во своите производи.

Бромираните растителни масла (БРМ) се користат за да се задржи вкусот на цитрус суспендиран во безалкохолните пијалаци како што се Mountain Dew и некои видови на Gatorade. БРМ се забранети во некои земји и Европската унија, но дозволени се за употреба во САД и во Латинска Америка.

Минатата година, 15-годишната Сара Кавана вели дека пребарувајќи на Google за „бромирани растителни масла“ забележала дека оваа супстанца се наоѓа на листата на состојки на Gatorade со вкус на портокал. Таа нашла и една статија во која се вели дека БРМ биле патентирани за употреба како супстанца за спречување на ширењето на огнот и се користела во апарати за гаснење на пожар. Сара започнала онлајн петиција на change.org, која била потпишана од повеќе од 206.000 луѓе, барајќи Gatorade да престанете да користи БРМ.

Во соопштение издадено како реалција на петицијата PepsiCo вели: „Ние ја правиме оваа промена, затоа што знаеме дека некои потрошувачи имаат негативно мислење за БРМ во Gatorade.“ Во текот на следните неколку месеци компанијата ќе го замени БРМ со сахароза ацетат изобутират – супстнца која е дозволена за употреба во целиот свет.

PepsiCo не планира да направи промени во Mountain Dew, велејќи: „Ние Ве уверуваме дека Mountain Dew е безбеден пијалок.“

Kantha Shelke научник кој се занимава со храна и портпаролката на Институтот за технологија на храна, забележува дека БРМ не била секогаш дозволена за употреба во САД. Пред околу 50 години, Food and Drug Administration ја отстрани од пазарот, но во 1977 година, беше одобрен употреба на оваа супстанца во концентрации до 15 ppm. Сепак, Shelke укажува дека во тоа време луѓето консумираа газирани пијалаци само повремено. „Денес, потрошувачката на некои од овие пијалаци, особено од страна на одредени демографски групи, меѓу нив и младите мажи, е доста висока“, вели таа.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4645 посети)
Карикатури (4626 посети)
Станувајќи алкохол (4615 посети)
Словенската и хемиската писменост (4615 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4614 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net