Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина |
||||||||||||
![]() |
Сулфур диоксидот е загадувач на атмосферата кој е емитиран од и од вулканите и од индустриските процеси како што се на пример согорувањето на јаглен и мазут кои содржат сулфур. Во атмосферата, SO2 се оксидира до сулфурна киселина, која се претвора во аеросол честички. Во близина на површината на Земјата, аеросолите му наштетуваат на квалитетот на воздухот, а во повисоките слоеви на атмосферата тие можат да помогнат при формирањето на облаците и да ја рефлектираат или апсорбира сончевата светлина. Истражувачите долго време сметаа дека оксидацијата на SO2 се одвива првенствено преку хемијата на хидроксидните радикали, но количината на сулфурна киселина во атмосферата е поголема од онаа што би можела да се произведе преку овој механизам. Во една новата студија, R. Lee Mauldin III од Универзитетот во Хелсинки (Финска) и од Универзитетот на Колорадо, Болдер (САД) и соработници укажуваат на тоа дека карбонилните оксиди формирани од алкените емитирани од растенијата исто така може да го оксидираат SO2. Вклучувањето на овој дополнителен хемиски процес за добивање на сулфурна киселина ќе помогне во намалувањето несигурноста во климатските модели, смета Dwayne Heard од Универзитетот во Лидс, во Англија, во коментар кој ги придружува новите резултати. „Во пресметките за предвидување на регионалниот и глобалниот порастот на температурите предизвикани од човековите активности, најголемите несигурности се поврзани со аеросолите и облаците“, вели Heard. Тимот на Mauldin забележал оксидација на SO2 во шумите во Финска дури и во вечерните часови и во ноќта, кога хемијата на хидроксилните радикали не се случува. Тие, исто така забележале оксидација на SO2 и кога тие ги отстраниле на хидроксилните радикали од примероци земени во текот на денот. Дополнителната лабораториска работа покажала дека SO2 може да се оксидира во присуство на озон и алкени, но и кога истражувачите поставиле свежо пресечени гранки од смрека и бор во близина на влезот на нивниот масен спектрометар. Mauldin и соработниците сметаат дека, механизмот на добивање на сулфурна киселина преку хидроксидни радикали, SO2 се добива при оксидација со Criegee интермедијари. Criegee интермедијарите се карбонилни оксиди со извесен карактер на (1) бирадикали и (2) цвитерјони. Тие се формираат во атмосферата кога озонот реагира со алкените емитирани од растенијата, како што се лимоненот и α-пининот. Едно друго истражување објавено на почетокот на 2012 покажа дека наједноставниот Criegee интермедијар, CH2OO, реагира брзо со сулфур диоксидот во атмосферата при што се формира сулфурна киселина. |
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net