Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

На кој принцип работат воздушните перничиња?

Сензорите за судир испраќаат електричен сигнал до детонаторот со што почнува реакцијата на разложување на натриум азидот и се добива азот кој го исполнува перничето.

Иако автомобилите, обично, не нe асоцираат многу на хемија, сепак, во нивната работа хемија има поприлично. На пример, хемија има во работата на моторот, потоа електричната енергија се генерира со хемиски реакции, но хемија има и во воздушните перничиња. Оваа, последнава, „хемија“ не му посакуваме никому да ја искуси. Воздушните перничиња не користат компримиран гас за да ја извршат својата заштитан функција, туку производи на хемиска реакција. Супстанцата која го претставува срцето на воздушното перниче е натриум азидот или пократко NaN3. При нормални услови оваа супстанца е стабилна, но со загревање се разложува според равенката

2 NaN3 --> 2 Na + 3 N2

Забележувате дека вториот продукт на реакцијата е гас. Со едноставни пресметки може да се покаже дека од една рака (130 g) натриум азид може да се добијат 67 литри азот-доволно за да се исполни заштитното перниче.

Но ова не е се од „хемијата на воздушните перничиња“. Веќе забележавте, другиот продукт на реакцијата на разложување на натриум азидот е елементарен натриум. Натриумот е многу реактивен елемент, и може да предизвика изгореници доколку дојде во допир со лицето или очите, затоа производителите го мешаат натриум азидот со други хемикалии кои треба да го врзат елементарниот натриум во вид на нетоксично соединение.

Како воздушните перничиња препознаваат кога настанал судир?

Потребни се 0,03 секунди за да се исполни перничето

За оваа цел во предниот дел од автомобилот се вградува сензор за детекција на судири. Овие сензори испраќаат електричен сигнал до детонаторот кој е сместен во садот со натриум азид. Топлината ослободена од согорувањето на детонаторот ја започнува реакцијата на разложување на добивање на азот со кој се исполнува воздушното перниче. Реакцијата е толку брза што помеѓу започнување на реакцијата и исполнувањето на перничето поминуваат само 30 милисекунди (0,03 ѕ). Околу 50 милисекунди после судирот возачот и/или совозачот удира/ат во воздушното перниче со што се апсорбира движењето. 

Joseph S. Merola

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
ChemExper (5733 посети)
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5725 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net