Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Невидливо мастило за 21 век



Научниците од Кина имаат развиено нова техника за литографско печатење на карактери и знаци врз фотонска хартија. Развивањето на оваа метода е од значење при развојот на нови постапки за заштита од фалсификување. На пример, скриени текстови на етикети и сл. Методата е значајна со оглед на тоа што создадените знаци се невидливи сѐ додека материјалот не се потопи во вода.

Стандардниот пристап за фотонско печатење е со нанесување на „мастилото“ врз фотонска хартија, која потоа ќе реагира на надворешен стимул за да се открие скриениот текст или симбол. За да ги видите јасно скриените симболи, се користи големо количество на материјал како мастило, а тоа често нанесените симболи ги прави видливи пред да стапат во реакција со надворешниот стимул. При тоа, нанесувањето на симболите не претставува предизвик, но нивното одржување во скриена форма е проблем.

Jianping Ge и Ruyang Xuan од Tonwgji University, во Шангај, го надминале овој проблем. Тие ги печатат симболите со фотомаска (матна плоча со дупки кои ѝ овозможуваат на светлината да блесне според дефинирана шема) на фотонска хартија направена од железо оксидни наночестички кои се врзуваат во силициумски колоиди, кои потоа се вклучуваат во смеса од полимери. Потоа, пред отстранувањето на маската, научниците полимер нанокомпозитната хартија се потопува во натриум хидроксид за да се формира силициумова мрежа. На ваков начин се формира вкрстено поврзана позадина и вкрстено неповрзан симбол или текс со што се минимизира оптичката разликата помеѓу позадина и симболот, а со тоа симболот станува невидлив.

TiO2
Невидливите симболи се откриваат откако материјалот ќе се потопи во вода

Кога хартијата ќе биде изложена на вода, позадината и симболот ја впиваат водата со различна брзина, создавајќи разлика во рефлектираните бранови должини помеѓу двата слоја, што го прави симболот видлив за околу 10 минути. Предноста во однос на другите техники, како што е УВ фотополимеризација и фотолитографија, е тоа што откако хартијата ќе се исуши, моделот бледнее назад кон неговата оригинална состојба – станува невидлив сѐ додека хартијата не се потопи повторно во вода.

„Клучен фактор за секое мастило или материјал за заштита од фалсификување честопати е леснотијата на отчитување на нанесените симболи“, вели Robert Stokes, експерт за оптичката литографија со University of Strathclyde, Велика Британија. Работата на Ge и Xuan е значајна во тоа што со едноставна метода се генерираат јасно видливи симболи.

Ge се надева дека неговата работа ќе го најде своето место не само за заштита од фалсификување, туку и во други апликации како динамичен знаци и оптички сензори и сл.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4769 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4685 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4684 посети)
Љубов или хемија? (4679 посети)
Приказна за сапунот (4673 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4667 посети)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4645 посети)
Карикатури (4626 посети)
Станувајќи алкохол (4615 посети)
Словенската и хемиската писменост (4615 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4614 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net