Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Како антидепресивите го помагаат развојот на мозокот

Истражувачите го откриле механизмот со кој некои антидепресиви го стимулираат формирањето на нови мозочни клетки – наод кој би можел да доведе добивање на нови поефикасни лекови за оваа намена.

Антидепресивите се борат против депресијата со зголемување на нивоата на серотонин во мозокот. Но, тие исто така може да помогнат и преку стимулирање на формирањето на нови мозочни клетки, преку процесот наречен неврогенеза, кој исто така игра важна улога и во помнењето.

Се смета дека кај депресивните пациенти се ослободуваат на поголеми количини на гликокортикоидни стрес хормони, како што е кортизолот, кој ја намалува неврогенезата, предизвикува симптоми, како што е ослабување на помнењето и лошо расположение. Претходните истражувања покажале дека антидепресивите го блокираат ефектот на гликокортикоидните хормони и ја фаворизираат неврогенезата, но механизмот со кој тоа се постигнува беше непознат.

Неодамна, научниците од King's College во Лондон во Велика Британија открија дека антидепресивите влијаат врз неврогенезата преку интеракција со гликокортикоидните рецептори, што доведува до генска експресија на клучните гени потребни за матичните клетки да се диференцираат и размножуваат. Групата на истражувачи изложила култури од човечки матични клетки од областа на мозокот наречена хипокампус на повеќе антидепресиви, вклучувајќи го сератраленот, која на пазарот може да се најде како како Zoloft (од производителот Фајзер).

"Утврдивме дека гликортикоидните хормони и антидепресивите го активираат истиот протеин, наречен гликокортикоиден рецептор," вели Christoph Anacker, кој ја предводел истражувачката група. "Но, тие го активираат овој рецептор на многу различен начин". Гликокортикоидите ја намалуваат неврогенезата, додека пак, антидепресивите ја зголемуваат.

Истражувачите велат дека резултатите од нивната работа претставуваат лабораториски модел за начинот на кој депресијата функционира и платформа за откривање на нови антидепресиви кои се поефикасни и кои ќе доведуваат до помалку несакани ефекти. "Тоа укажува на тоа дека антидепресивите предизвикуваат повеќе ефекти од само влијание врз преносот на серотонин во мозокот", вели Daniel Smith, експерт за клиничка психологија од Cardiff University, Велика Британија. "Сега антидепресивите имаат доста широк спектар на ефекти и стапуваат во интеракции со голем број на различни рецептори во мозокот." Овие резултати може да доведат до развој на нови лекови кои се насочени само кон гликокортикоидните рецептори, додава Smith.

До 2020 година, депресијата, се очекува да биде втора најраспространета болест во светот, а на тоа укажуваат повеќе индикатори. Една од пет жени и еден од десет мажи, најверојатно, ќе доживеат депресија во текот на својот живот.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4710 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4644 посети)
Љубов или хемија? (4631 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4630 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4628 посети)
Приказна за сапунот (4624 посети)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4620 посети)
Карикатури (4605 посети)
Словенската и хемиската писменост (4590 посети)
Станувајќи алкохол (4586 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4582 посети)
Бисери на мудроста (4580 посети)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Royal Australian Chemical Institute (RACI) (5639 посети)
Basic Crystallography Diagrams (5639 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5639 посети)
Хемикалии, супстанци, препарати и биоциди кои се употребуваат во Република Македонија (5639 посети)
British Antarctic Survey (5639 посети)
Natural Environment Research Council (5639 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net