Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Престојат промени во релативните атомски маси на елементите



Релативната атомска маса на десет елементи ќе биде изразена во форма на интервали, наместо како досега со еден вредности, објави Меѓународната унија за чиста и применета хемија (IUPAC). Одлуката претставува отстапување од досегашната пракса релативната атомска маса да се претставува како природна константа, кон попрецизно претставување врз основа на природно постојните разлики во релативнатаатомска маса.

Предлог за изглед на изотопскиот периоден систем
Предлог за изглед на изотопскиот периоден систем

Одамна е познато дека релативната атомска маса на елементот може да варира во зависност од бројот на неговите стабилни изотопи и нивната релативна застапеност во изостопската смеса. Идејата дека релативните атомски маси на елементите може да бидат претставени врз основа на уделот на стабилните изотопи во изотопската смеса датира од почетокот на XX век, а денес тие разлики се користат во лаборатории низ целиот свет во областите многу различни области почнувајќи од наоѓање на потеклото на храната па сè до геологијата.

Сепак, зошто ни е потребна промена по толку многу време? Според Michael Berglund, член на Комисијата на IUPAC за изотопска застапеност и релативни атомски маси, која ја предложи оваа промена, тоа е чисто затоа што сега се располага со повеќе сигурни и прецизни податоци. Тој истакнува дека во својата претходна форма, стандардната релативна атомска маса за еден елемент како литиумот претставуваше само средна вредност. „Всушност би било многу тешко да се најде материјал со овој точен атомска тежина,“ вели Berglund.

„Вистинатасега е поочигледна – атомските маси не се константи по својата природа“, вели Berglund. Првите десет елементи за кои атомска маса ќе биде наведена во форма на интервали во Табелата на стандардни атомски маси се: водород, литиум, бор, јаглерод, азот, кислород, силициум, сулфур, хлор и талиум. Но, неизбежно е да се очекува промена и кај други елементи. Елементите кои најпрво треба да бидат дискутирани, на следниот состанок на Комисијата, во 2011 година, се хелиумот, бакарот и оловото.

Tyler Coplen, директор на Лабораторијата за стабилни изотопи при US Geological Survey's во Вирџинија, смета дека промената ги прави работите покомплицирани, но смета дека тоа е „фантастично“ за хемиското образование. „Ова ќе ги присили наставниците од целиот свет да научат повеќе за тоа што претставува стабилен изотоп,“ вели тој. IUPAC во моментов работи на нов изотопски периодниот систем во кој атомските маси ќе бидат прикажани во форма на интервали, кој се надева дека ќе биде центарот на вниманието на целата 2011 која е прогласена за Меѓународна година на хемија.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4769 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4685 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4684 посети)
Љубов или хемија? (4679 посети)
Приказна за сапунот (4673 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4667 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net