Рециклирање на јаглеродниот диоксид |
||||||||||||||||
![]() |
Американската компанија Novomer, која развила нов начин за претворба на јаглеродниот диоксид во пластика, е еден од шесте фирми кои добиваат вкупно 106 милиони долари од владата на САД која финансира истражувања за зафаќање и претворба на јаглерод диоксидот од атмосферата во корисни производи. Novomer, која има седиште во Масачусетс, има добиено 18,4 милиони долари од американското Министерство за енергетика (Department of Energy – DOE) за развој на процесот на конвертирање на јаглерод диоксидот во поликарбонатни полимери кои можат да се користат за правење пластични шишиња. Од формирањето пред 4 години, Novomer се обидува да развие начин на кој традиционалните епоксидни суровини ќе реагираат со јаглерод диоксид од индустриски отпадни струи за да синтетизира пластика, која содржи помеѓу 40 и 50 масени проценти јаглерод диоксид. За таа намена компанијата користи технологија со катализатор развиен од Geoff Coates at Cornell University во Њу Јорк, САД, а како катализатор базиран на кобалт, кој според Jim Mahoney е прилично едноставен да се синтетизира и покрај тоа што претставува релативно сложено органометално соединение.
Со користење на оваа технологија, Novomer може да се формира и полимери со висока молекуларна маса кои може да се користат за производство на пластика, како и полимери со мала молекулска маса кои можат да се користат за да се направат смоли за употреба како превлаки и лепила. Оваа технологија, исто така, може да се користи за претворање на јаглерод моноксид во повеќе различни соединенија како на пример: акрилна киселина и 1,3 пропандиол и др. Дел од флексибилноста на системот се должи на способноста на катализатор да работи во присуство реагенс кој служи за трансфер на полимерните ланци. „со ставањето на реагенс за трансфер полимерните ланци, како на пример диол или триол, во реакција, ни овозможува да ја зголемиме на должината на полимерните ланци со секоја OH група на реагенсот“ – вели Mahoney. Со финансиската помош од DOE, Novomer ќе работи со хемиска фирма Albemarle и со хемискиот оддел на Eastman Kodak фирмата за фотографски материјали, за да се развијат овој процес на начин на кој тој би бил применлив во индустриите за термопластични полимери кои би се користеле за изработка на пластични шишиња, филмови, ламинати, и амбалажа за храна.
Најнапредниот проект кој Novomer е развојот на полимери со мала молекулска маса за кои може да послужат како масла за премачкување и смоли со користење на јаглерод диоксидот како суровина - проект на кој Novomer работи во соработка со холандската DSM. Mahoney предвидува дека првиот производи од оваа соработка ќе стигне на пазарот за околу 2 години. „Ние сме големи оптимисти во однос на оваа технологија бидејќи таа е толку одржлива, но исто така според цената на чинење и според перформансите технологијата е многу атрактивна“, вели Jan Besamusca, директор за развој во холандската фирма DSM. Двете компании работат заедно повеќе од 3 години на развој на технологија и во јануари најави дека постигнале голем прогрес кој значително го зголеми обемот и чистотата на производствениот процес. Според Besamusca, веројатно дека клиентите DSM ќе почнат да добиваат примероци за испитување во блиска иднина. Тој е убеден дека тие ќе бидат задоволни со она што ќе го добијат: „Овој тип на полимери се веќе познати од технологиите на фосилни горива и тие имаат одлични карактеристики.“ Исто така, голема придобивка е и фактот што со оваа технологија би можела „значително да се намали“ емисијата јаглерод диоксид при производството на пластика, смета Besamusca. Mahoney се согласува, и го поздравува инвестицијата на DOE во овие нови технологии, велејќи дека наместо да инвестираат во програми за зафаќање и складирање на јаглерод диоксидот, би било мудро другите влади и индустрии да ја разгледаат можноста за употреба на јаглерод диоксидот како суровина. Сепак, тој предупредува дека пазарот на пластика е ограничен, така што само тој нема да го реши светскиот проблем со емисијата на јаглерод диоксидот, но сигурно дека претставува чекор напред. Корисни врски
|
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net