Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Супер бодликави соларни ќелии

Во една година, Земјата апсорбира околу 8000 пати повеќе енергија од сонцето отколку што е потрошена во светот во 2008 година. Сепак, поради големите трошоци и нискиот степен на ефикасноста на конверзијата на постојните технологии за соларни ќелии, треба уште многу да се работи за сончевата енергија да започне масовно да се користи.

Соларните ќелии базирани на микрожици претставуваат нова технологија која ја намалува цената на производство поради користење на помалку силициум. Намалувањето на цената на чинење се постигнува со подредување на силициумови жици со дебелина од околу еден микрон нормално на супстрат кој претставува диметилсилоксан со што ќелијата наликува на кревет од шајки. За споредба, кај традиционалните соларни ќелии силициумот е поставен паралелно со супстратот. Сепак, ефикасноста на овој дизајн на соларни ќелии до сега за сега изнесуваше само околу 3,4 отсто, а тоа е значително помалку од теоретски очекуваната ефикасност од 17 отсто.

Неодамна, Harry Atwater и неговиот тим од California Institute of Technology, демонстрираше ефикасност од 7,9 отсто кај овој вид на соларни ќелии, со користење на изолатор, кој ги минимизира рекомбинацијата на носителите на полнеж со користење на алуминиум оксидни честички за расејување на светлината помеѓу жиците и сребро како рефлектор кој ја спречува загубата на светлина во супстратот.

Изглед на силициумовите микрожици од кои се направени соларните ќелии.

И покрај нивните веќе импресивни резултати, истражувачите велат дека може да се постигне многу повисока ефикасност. „Знаеме дека се апсорбираат околу 50 отсто од фотоните,“ објаснува Nathan Lewis, еден од авторите. „Значи, со оптимизација на уредот ние би требало да достигнеме ефикасност до околу 15 отсто.“

Frederik Krebs, експерт за соларни ќелии на Техничкиот универзитет на Данска во Roskilde, е импресиониран од подобрувањата кои ги направиле истражувачите на кај овој вид на соларни ќелии и вели дека за изведените експерименти, спека, недостигаат техничките аспекти на изведената работата.

„Овде, тие навистина ги имаат димензиите [на жицата]“ вели тој. „Така што од таа гледна точка, мислам дека станува збор за навистина убава работа.“

Иако ова работа значи голем чекор напред, Lewis признава дека сѐ уште има можности за напредок пред оваа технологија да може да биде комерцијализирана. Првото нешто што истражувачите планираат да го сторат сега е да го оптимизираат дизајнот со изучување на физичките параметри, како што се оптималниот дијаметар на жицата растојанијата и др.

Литература

  • Morgan C. Putnam, Shannon W. Boettcher, Michael D. Kelzenberg, Daniel B. Turner-Evans, Joshua M. Spurgeon, Emily L. Warren, Ryan M. Briggs, Nathan S. Lewis and Harry A. Atwater, Energy Environ. Sci., 2010

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4769 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4685 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4684 посети)
Љубов или хемија? (4679 посети)
Приказна за сапунот (4673 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4667 посети)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4645 посети)
Карикатури (4626 посети)
Станувајќи алкохол (4615 посети)
Словенската и хемиската писменост (4615 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4614 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Minerals by Chemical Compostion (5732 посети)
American Association for Clinical Chemistry (5730 посети)
ACD-ChemBasic : Programming language for chemists (5730 посети)
The Department of Chemistry (5730 посети)
Department of Chemistry, University od Sheffield (5730 посети)
Museo di Storia della Scienza, Firenze (5730 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net