350.org

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Молекулски машини

Тим на истражувачи водени од професорот по хемија од New York University, Nadrian C. Seeman изградил машина од DNA-генетскиот материјал на сите живи суштества. Конструирана од синтетички DNA молекули, направата има две крути вериги кои може да ротираат помеѓу фиксирани позиции.
Истражувачите ја гледаат конструкцијата на оваа направа како прв чекор кој води кон развиток на нанороботи (роботи на молекуларно ниво) кои можеби еден ден ќе конструираат молекули и ќе управуваат со фабрики на молекуларно ниво.
Истражувачката работата вклучува физика, хемија, биологија и информатика здружени заедно во служба на изградба на структури чии димензии се мерат во нанометри. За споредба: пет атоми од јаглерод подредени еден до друг зафаќаат простор од околу еден нанометар. 5.000.000 атоми на јаглерод се потребни за да се направи точка голема колку оваа на крајот од реченицава.
DNA молекулите кои биле користени од Seeman се синтетизирани по точно определен ред, неопходен за конструкција на разгранети DNA молекули обликувани според потребите на истражувачите. (Во биологијата разгранетите молекули се интермедијари во процесот на рекомбинација на гените при што се модифицираат и мешаат генетските информации.)
"Кажано со речникот на науката за материјалите," вели Seeman, "тие ни овозможуваат не само да направиме нешто што е само дел од шпагета, туку молекули кои имаат две гранки со точно определена структура, релативно блиски една до друга и поврзани меѓу себе со јачина блиска со онаа на хемиските врски."
Добиените молекули се очекува да бидат многу стабилни, не би требало да се распаѓаат лесно, и би требало да имаат други молекули поврзани со нив, со што би биле во можност да конструираат различни материјали.
Ваквите "паметни материјали" се очекува еден ден да доведат до, конструкција на компјутерски биочипови и нанороботи во кои DNA ќе биде задолжена за поврзувањето на молекулите, слично на начинот на кои ги пренесува информациите од генетскиот код.
"Со користење на синтетичка DNA како градбен материјал, ние конструиравме молекуларен механички систем кој може да се контролира. Краткорочно ова е навистина голем технички напредок. Долгорочно, целата работа има ќе импликации за развиток на нанотехнологијата"-вели Seeman.
Вакви структури треба да служат како градбени блокови за нови и многу отпорни материјали направени од DNA како основна рамка, на кои понатаму би биле закачени и други функционални групи. Ова достигнување прво било објавено од д-р. Seeman vo Nature 1991.
Специфичноста на спарувањето води кон зајакнување на DNA и можност молекулата да биде програмирана за самостојно насочување во одреден правец. Во сегашната работа, Seeman-овиот тим му дава предност на конструирањето на наномолекуларни машини со здружување на две синтетички двојно вкрстени (DX) DNA молекули. Ваквите структури се споени со мост и содржат калсична десно ориентирана DNA структура која се нарекува B-DNA.
Воведувањето на кобалт раствор од DNA молекули ја претвора во невообичаената лево ориентирана DNA која се означува Z-DNA.
Резултатите од овие истражувања се објавени во Nature со наслов "Наномеханички уред базиран на B-Z премини на DNA". Автори се Chengde Mao, Weiqiong Sun, Zhiyon Shen и Nadrian C. Seeman.
Nadrian C. Seeman е роден во Чикаго во 1945. Дипломирал на катедрата по биохемија на Универзитетот во Чикаго, докторирал на биолошка кристалографија на Универзитетот во Питсбург во 1970. Постдокторски студии на MIT и Колумбија на тема нагласена нуклеинска киселинска кристалографија.
Seeman има добиено многу награди за неговата работа во развивањето методи за конструктуирањето на тродимензионални објекти, вклучувајќи ги коцките и многу покомплексни полиедри од синтетички DNA молекули.

Линк: Официјална страница на лабораторијата на д-р Seeman

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4799 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4777 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4744 посети)
Приказна за сапунот (4720 посети)
Љубов или хемија? (4719 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4718 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net