Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Лепливи како нозете на гико

Трката за добивање на материјали кои поседуваат лепливост како нозете на гико наскоро може да биде завршена, со оглед на тоа што неодамна во Science група од научници од САД публикуваа резултати за материјал кој има задоволително добри својства.

Научниците долго време се интересираа за способноста на гико влечугите да се искачуваат и движат по ѕидови и тавани. Поминаа осум години откако научниците открија дека малите влакна на врвовите на прстите на овие животни се одговорни за оваа нивна способност. Микроскопски разгранетите еластични влакна на врвовите од прстите на овие животни ја користат предноста на силите на привлекување кои владеат на атомско ниво за да може да ја издржат тежината на телото. Неодамна, истражувачите откриле начин како да ги имитираат влакнестите стапала на овие животни со користење на полимери сочинети од наноцефки.

Новиот материјал може да издржи околу три пати потежок товар, но исто така е и за околу десет пати полеплив од стапалата на гико влечугите. Резултатите од ова истражување се објавени неодамна во списанието Science. Инаку, одговорни за ова достигнување се истражувачи од University of Dayton, Georgia Institute of Technology, Air Force Research Laboratory, како и University of Akron. Овие истражувачи додаваат и дека ова е прв материјал кој поседува атхезиони својства кој се различни во зависност од насоката на прилепување на материјалот. Ова својство би овозможило со новиот материјал лесно не само прилепување за вертикални површини, туку и исто така со него би било лесно и движењето по нив.

Покрај можноста за движење по вертикални површини која овој материјал ја нуди, тој исто така би можел да најде и други технолошки апликации, како на пример, за поврзување на електронски уреди или, пак, како замена за конвенционалните лепила во вселената.

„Отпорноста на кинење на наноцефките им овозможува многу силно атхезионо да се сврзуваат со површините, но вие сѐ уште може да ги поместувате доколку се повлечат во насока која е нормална на површината за која се поврзани,“ вели Liming Dai од University of Dayton. „Оваа дирекциона зависност на атхезионите сили го прави овој материјал погоден за примена.“

Клучно за успехот на овие истражувачи е тоа што тие користеле наноцефки со повеќе ѕидови. Врвовите на овој тип наноцефки се извиткани со што се имитира вистинската структура на стапалото на гико кое поседува влакна кои се разгрануваат на врвовите.

Кога наноцефките прикачени за некој објект ќе се притиснат кон вертикална површина искривените врвови се припиваат кон површината. На ваков начин во голема мерка се зголемува допирната површина на наноцефките со атомите од површината која се допира. При вакви услови електростатските сили кои постојат помеѓу двете површини на атомско ниво се толку големи така што материјалот се прилепува. Со повлекување на материјалот во насока нормална на површината само врвовите од наноцефките остануваат поврзани и поради тоа лесно може да се отстрани. Доколку пак, материјалот се повлече паралелно на површината на која е поврзан, тогаш поголем дел од наноцефките се допираат до површината и интеракциите на атомско ниво стануваат поголеми.

„Контактната површина е многу важна,“ вели Wang. „Кога ќе го придвижите материјалот паралелно со површината van der Waals-овите сили го помагаат сврзувањето долж целата наноцефка, но ако материјалот само се допира со површината, тогаш van der Waals-овите сили делуваат само преку врвовите на наноцефките. Тоа ни овозможува на извонреден начин да го имитираме тоа што гикото го прави во природата“.

Литература

Liangti Qu, Liming Dai, Morley Stone, Zhenhai Xia, Zhong Lin Wang, Carbon Nanotube Arrays with Strong Shear Binding-On and Easy Normal Lifting-Off, Science, 322: 238-242, 2008

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4767 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4683 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4682 посети)
Љубов или хемија? (4678 посети)
Приказна за сапунот (4671 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4664 посети)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net