Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Мобиус-ова лента во хемијата

Претпоставувам дека ви е позната идеата за Мобиус-овата лента. Свиткајте го едниот крај на лента од хартија за 180° и залепете ги краевите. Поминете со вашето пенкало по една од страните. Поминувајќи по лентата забележувате дека на крај стигнувате на истото место од каде почнавте. Или со други зборови лентата има само една страна. Доколку не го изведовте експериментот погледнете ја графиката на познатиот уметник M. C. Escher (1898-1972), на која движењето по единствената страна од Мобиус-овата лента е прикажано.

Познатиот теоретичар на хемијата Henry Rzepa од Imperial College со соработниците се обидуваат да покажат како едноставен C=C=C фрагмент може да ја "превитка" молекулата за да стане ароматска.

Во ароматската хемија доминира едноставниот концепт кој вклучува постоење на планарен систем со 4n + 2 делокализирани pi електрони. Овој концепт се вика уште и Huckel-ово правило за ароматичност. Да го земеме бензенот за пример, неговата молекула има планарен прстен, секој јаглероден атом е сврзан со два соседни атоми и кај секој останува по еден неспарен електрон значи вкупно шест електрони. Во овој случај условот 4n + 2 е исполнета за n = 1.

Во 1964 година Heilbronner дошол до сознанија дека ако постои Мобиусовско "свиткување" во молекулата ароматичност ќе се појави со 4n делокализирани електрони. На ова сознание не му се посветувало многу внимание сe додека, од страна на Paul von rague Schleyer, не било најдено дека конформациите на некои циклични јаглеводороди, кои не биле сметани за ароматици, според експерименталните податоци најдени со нуклеарна магнетна резонанца (NMR) изгледало дека се слични со оние за ароматските соединенија.

Rzepa и колегите Sonsoles Martin-Santamaria и Balasundaram Lavan почнале да размислуваат за тоа како да стигнат до Мобиусовска молекула. Имајќи предвид дека молекулата треба да поседува С=С=С фрагмент како погодни соединенија за ова биле избрани циклохептатетраенот и неговите деривати. Свиткувањето на електронските облаци над С=С=С фрагментот кај циклохептатетраенот е покажано на сликата што следи.

„Свиткување“ на електронските облаци над C=C=C фрагментот во молекулата на циклохептатетраенот

Спротивно на конвенционалните ароматски супстанци, ароматиците од Мобиусовски тип се хирални и не се планарни, велат истражувачите од Imperial College, исто како и аминокиселините од кој се изградени молекулите на животот. Со ова конечно може да сметаме дека ароматската хемија влегува во тродимензионалниот простор, зашто овој концепт на ароматичност не вклучува и услов молекулата да биде планарна. 

Резултатите од испитувањата се публикувани во списанието Chemical Communication.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4799 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4777 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4744 посети)
Приказна за сапунот (4720 посети)
Љубов или хемија? (4719 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4718 посети)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (5839 посети)
OPEN J-Gate - World's biggest Open Access English Language Journals Portal (5836 посети)
Academic Earth (5834 посети)
ScienceDirect TOP25 Hottest Articles (5832 посети)
Beer's Law (5831 посети)
British Antarctic Survey (5830 посети)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4677 посети)
Карикатури (4652 посети)
Словенската и хемиската писменост (4640 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4639 посети)
Станувајќи алкохол (4638 посети)
Бисери на мудроста (4630 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net