Wikipedia

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Силициумовo изненадување

Два тима од американски научници неодамна покажале како може термоелектричен материјал кој се базира на силициум да ја претвори топлината која се ослободува во електричните уреди во електрична енергија [1,2]. Оваа идеја има голем потенцијал. Нејзиното реализирање ќе значи можност за зголемување на ефикасноста на сите уреди кои работат на електрична енергија!

Слика на силициумови наноцефки (зелена, центар). Температурната разлика се контролира со два Joule грејачи (прикажани со црвена и со бела боја).

До неодамна, ефикасните термоелектрични материјали беа сочинети од поскапи материјали (како што се бизмут и телур). Користењето на силициум при нивната конструкција може да има глобално значење, со оглед на тоа што масовното производство на овие уреди би било значително поевтино.

Термоелектричниот ефект се појавува кога едниот крај на материјалот, како што е жица на пример, се загрева. При тоа електроните патуваат кон поладниот дел од материјалот со што започнува течење на струјата (од електрони). За да може оваа електрична енергија да се складира и да се користи многу е важно температурната разлика да се одржува. Ова претставува ограничување кое многу материјали не може да го задоволат! Имено, материјалот кој би можел да се користи за оваа намена треба да биде добар проводник на електрична енергија, но истовремено и слаб проводник на топлинска енергија! Ако се има предвид дека силициумот претставува материјал кој добро спроведува и електрична и топлинска енергија, навистина малкумина очекувале дека тој би можел да се користи за оваа намена.

Како што веќе рековме два тима од научници, со користење на силициумови наножици успеале да добијат материјал на база на силициумот кој поседува вакви карактеристики. James Heath од California Institute of Technology, раководител на едниот тим вели „Тоа беше изненадување. Забележавме дека екстремно малите силициумови наножици поседуваат својства кој во голема мерка се однесуваат различно во однос на трансферот на топлина.“

Heath верува дека со дополнителни истражувања ефикасноста на овој тип на материјали може значително да се зголеми. Оваа технологија, смета тој, во иднина може да се користи за ладење и за загревање на микрочиповите.

Вториот тим, раководен од Peidong Yang од University of California во Berkeley, имал поинаков пристап. Тие користеле поголеми наножици. „Нашиот трик се состои во индицирање на поголем број на дефекти во наножиците“ вели Yang. „Ние синтетизиравме наножици со многу груба површина и потоа ги допингувавме со бор. Индицираните дефекти помагаат во блокирање на атомските вибрации кои се одговорни за преносот на топлината низ материјалот, но сепак не го попречуваат преносот на електрони.“

Други научници кои работат во оваа област сметаат дека овие резултати претставуваат многу важно достигнување. Една од важните примени на термоелектричните материјали би било фаќањето на топлината која се губи при производството на електрична енергија во електраните и во автомобилите. Доколку материјалите кои може да служат за оваа намена се доволно евтини, тогаш претворбата на само дел од топлината во електрична енергија би било доста исплатливо.

Литература

  1. A Boukai et al, Nature, 2008, DOI: 10.1038/nature06458
  2. A Hochbaum et al, Nature, 2008, DOI: 10.1038/nature06381
     

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (5141 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (5085 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (5072 посети)
Приказна за сапунот (5003 посети)
Љубов или хемија? (4986 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4971 посети)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4911 посети)
Карикатури (4870 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4847 посети)
Словенската и хемиската писменост (4847 посети)
Станувајќи алкохол (4843 посети)
Бисери на мудроста (4822 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net