Wikipedia

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Хемискиот компас ја објаснува мистеријата на миграцијата на животните

Како дел од напорите да се идентификува мистериозниот компас кој многу видови животни го поседуваат за навигација на Земјата, хемичарите од University of Oxford од Велика Британија, за прв пат, успеале да покажат дека магнетното поле на Земјата може да влијае на одвивањето на некоја хемиска реакција.

Структура на хемискиот комплас: (C) каротеноид, (P) порфирин и (F) фулеренска група.

Голем број на птици, цицачи и влечуги поседуваат некаков вид на хемиски компас кој зависи од сончевата светлина, од месечината и од ѕвездите. Ваквите сомнежи ги натерале научниците да се посомневаат дека хемиска реакција која е осетлива на светлина им помага на животните во навигацијата. За жал до неодамна не беше позната ниту една хемиска реакција која може да реагира на магнетно поле со јачина од околу 50 микро Тесла, колку што, инаку, изнесува јачината на магнетното поле на нашата планета.

Научниците предводени од Peter Hore и Christiane Timmel покажаа дека големото фоторецептивно соединение кое се нарекува КПФ (сочинето од каротеноид, порфирин и фулерен поврзани помеѓу себе) е чувствително на многу слаби магнетни полиња.

Оваа молекула била синтетизирана од страна на Devens Gust и соработниците од Arizona State University во САД. КПФ молекулата сама по себе не претставува модел на биолошки компас, но покажува дека одвивањето на реакција предизвикана од многу слаби магнетни полиња е можно.

За да направат хемиски компас научниците од Оксфорд суспендирале КПФ молекули во течен кристал и ги замрзнале на -80°C. Во следниот чекор врз добиениот систем научниците примениле магнетно поле со јачина од 50 µT во различни правци. За разлика од типичната игла на компасот, молекулите не се поместуваат физички за да се ориентираат во насока на применетото магнетно поле. Наместо тоа, насоката на магнетното поле влијае врз добивањето на различни приноси на продуктите кои настануваат од трите интермедијари кои настануваат во текот на реакцијата.

Кога КПФ апсорбира светлина таа преминува во ексцитирана состојба која понатаму формира два радикала на молекулата, вели Peter Hore кој го раководи овој проект. Во следната фаза овие два радикала се преместуваат кон краевите на молекулата - на растојание од околу 3,5 nm - што е доволно за да ги направи чувствителни на слабо магнетно поле.

Ова значи дека магнетното поле на Земјата може да ги промени спиновите на електроните и да ги направи паралелни со што, како што стручно се вели, се формира триплет. Оваа состојба се разликува од оригиналната синглетна состојба: не може веднаш да се премине во неексцитирана состојба, туку мора да помине низ уште еден степен на реакцијата со што се продолжува векот на оваа ексцитирана состојба.

Кај животните, протеините чувствителни на светлина (како што се криптохромите кои се наоѓаат во очите на птиците) може да го детектираат магнетното поле на сличен начин. Присуството на магнетното поле на Земјата влијае на приносот на добивање на извесни радикали - кој потоа би биле на соодветен начин пренесени до мозокот со помош на сигнални молекули.

Од експериментална гледна точка ова претставува одлично парче хемија, но не сметам дека со тоа е започната дебата за тоа кој процес е одговорен, Sönke Johnsen, експерт за биолошка магнеторецепција од Duke University, Северна Каролина, САД. Овие експерименти, според него, се водени при услови кои се драматично различни од условите во реалните биолошки системи. Затоа тој смета дека треба да уште многу истражувања да се направата за да се дојде до прифатливо одговор за овој механизам.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4767 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4683 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4682 посети)
Љубов или хемија? (4678 посети)
Приказна за сапунот (4671 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4664 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net