Храна за канабиноидните рецептори |
||||||||||||
![]() |
Супстанцата римонабант цврсто се врзува за канабиноидниот рецептор (CB1) во мозокот и ја блокира нивната активност. Канабиноидните рецептори природно се стимулираат од хемикалии кои вообичаено се наоѓаат во организмот, но исто така се стимулираат ид супстанците присутни во чадот од тутунот и од канабисот.
Пушењето цигари во крвотокот го испраќа никотинот. Оваа супстанца го нарушува ендоканабиноидниот систем (дел од хормоналниот механизам во мозокот кој е одговорен за енергетскиот баланс и за консумирањето храна). Со текот на времето, кај пушачите рамнотежата се поместува за да се компензира ефектот на никотинот. Затоа со престанувањето со пушење рамнотежата повторно се нарушува, а намаленото количество никотин во мозокот остава простор за покачување на телесната тежина. Kate Cahill од Department of Primary Care при University of Oxford и Michael Ussher од St George's Hospital Medical School од University of London во Велика Британија извршиле анализа на сета достапна научна литература во врска со супстанцата римонабант за да откријат докази за неговата ефикасност при прекинување на пушењето без при тоа да се зголеми телесната тежина.
Од направената анализа научниците утврдиле дека кај испитаниците кои земале по Од направените анализи научниците утврдиле дека земањето на Овој лек се уште чека да биде одобрен за употреба како средство кое помага при откажување од пушењето во САД и во Европа. |
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net