Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Анонимни чокохоличари

Нема да претставува изненадување ако ви кажеме дека истражувачите кои работат за светскиот гигант за производство на чоколада Nestle пронашле хемиската врска која некој луѓе ги прави љубители на чоколадата, а други пак, ги прави индиферентни во однос на овој производ.

Sunil Kochhar од Nestle Research Center во Швајцарија, работејќи заедно со Jeremy Nicholson од Imperial College London во Велика Британија испитале 11 мажи доброволци кои себе се сметаат за љубители на чоколадата, како и 11 мажи доброволци кои се сметаат себе за индиферентни во однос на чоколадата. Жени не биле вклучени извршената студија затоа што циклусите во нивниот метаболизам влијаат и од менструалниот циклус. Истиот тим од научници во иднина планира да направи студија која ќе треба да открие дали постој разлика на реакцијата на организмот на чоколадата во зависност од полот на испитаниците.

Во рамките на оваа контролирана студија, секој испитаник требало да консумира чоколада или плацебо во текот на пед дена. Тимот од научници периодично испитаниците земал примероци од крв и урина кои биле анализирани со протон нуклеарно-магнетна резонанца - софистицирана инструментална метода со која може успешно да се детектираат извесни биомаркери поврзани со метаболитички процеси кои настануваат во организмот.

Се покажало дека метаболитичкиот профил на испитаниците кои се декларирале како љубители на чоколадата содржел ниски концентрации на липопротеини со ниска густина, холестерол (т.н. лош холестерол) и малку зголемени концентрации на албумин, што се смета за придобивка, велат истражувачите. Ова е прв случај, истакнуваат истражувачите, во кој спектроскопски е детектиран начинот на кој режимот на исхрана влијае врз промената на метаболизмот.

„Нашите резултати покажуваат дека преферирањето на одреден вид храна, вклучувајќи ја тука и чоколадата, како да е програмирано во нашиот организам на таков начин што тој е прилагоден кон соодветно добро да обработува даден тип на храна,“ вели Kochhar. „Познато ни е дека некои луѓе може да јадат големи количества храна која содржи јаглехидрати и маснотии и генерално се со добро здравје, додека пак, истиот вид на храна кај други луѓе може да влијае врз влошување на здравјето.“ Kochhar смеда дека доколку го познавате профилот на вашиот сопствен метаболизам тоа би можело да ви помогне да ја оптимизирате исхраната, а тоа пак, би влијаело врз подобрување на вашето здравје.

Нутриметабономиката претставува гранка од науката која може да помогне во класификација на начинот на кој човековиот организам реагира на различни видови храна. Резултатите не покажуваат дали љубителите на чоколада може да се заситат со чоколада и дали нивниот метаболизам повторно ќе реагира нормално. Можеби деталното пребарување низ патентните апликации на Nestle ќе открие нешто повеќе за новите чоколади кои допрва треба да се најдат на полиците на супермаркетите. Како зависник од чоколадата со непознат метаболитички профил со нетрпение ги чекам новите производи.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4767 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4683 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4682 посети)
Љубов или хемија? (4678 посети)
Приказна за сапунот (4671 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4664 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
ChemExper (5733 посети)
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5725 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net