Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Микрохемиски фабрики

Klavs Jensen

Во средината на деведесетите се веруваше дека микрохемијата ќе ја револуционеризира хемиската индустрија. Klavs Jensen од Massachusetts Institute of Technology, Cambridge (САД) е еден од пионерите во оваа област, но хемиската индустрија не реагираше како што во почетокот се очекуваше. Поради тоа немаше многу придвижувања во оваа област... до неодамна. Концептот на микрофабрики нуди побезбеден и поедноставен начин на синтеза во микро, но и во макро количества. Новите резултати на Jensen сугерираат дека минијатуризацијата повторно напаѓа во светот на синтетската хемија.

Најголемиот број синтетски хемиски реакции вклучуваат повеќестепени реакции со неколку различни чекори на одделување и прочистување меѓу нив. Ова се сметаше за недостаток на микрохемиските реакции: Тие може да се користат или за едностепени реакции или за повеќестепени реакции во кои не е потребно прочистување помеѓу различните степени.

Jensen и соработниците неодамна развиле микро-производствена линија, која се очекува да ги промени работите.

Предложениот процес вклучува три реакциски степени и два степени за прочистување/раздвојување (еден гасно-течен и еден течно-течен степен за прочистување). Со оглед на тоа што процесот се одвива во т.н. микро-реакциска мрежа секој од степените може да се конфигурира на соодветен начин за да се произведат слични производи.

Демонстрацијата на предложениот систем истражувачите ја направиле со синтеза на карбамати, супстанци кои се користат, помеѓу другото, како пестициди и претставуваат важни градбени единки и реагенси при синтезата на други соединенија. Три-степената синтеза на карбаматите (со т.н. Curtius-ово преуредување) како интермедијарни продукти вклучува (азиди и изоцијанати) кои се експлозивни или, пак, се штетни по здравјето. Предноста од користење на микрореакциите е во тоа што супстанците се формираат in situ и веденаш реагираат. Нема потреба од нивно складирање и изолација. Ова претставува значително намалување на безбедносните ризици кои постојат при изведување на синтезата на традиционален начин.

По вториот степен на раздвојување различните продукти во реакција со различни реагенси може паралелно да се формираат повеќе различни карбамати.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (5830 посети)
OPEN J-Gate - World's biggest Open Access English Language Journals Portal (5829 посети)
Academic Earth (5827 посети)
ScienceDirect TOP25 Hottest Articles (5825 посети)
British Antarctic Survey (5825 посети)
Beer's Law (5825 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net