350.org

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Кој е кој на Институтот за хемија при ПМФ

Во пресрет на новата академска година, на сите студенти на студиите по хемија и биохемија на Природно-математички факултет во Скопје, Hemija.net има намера одблизу да ja претстави научната активност на најдобрите од вработените на Институтот за хемија при ПМФ. Во обид да бидеме што е можно пообјективни, при крајот на септемвири, детално беше пребарана интернет страницата Web of Science, во рамките на која може да се пребарува во online верзијата на реферативното списание Science Citation Index (SCI) кое го издава Institute for Sciencitic Information (денес во сопственост на Tompson Scientific) започнувајќи од 1969 година.
Табела 1. Вработени на Институтот кои имаат најголем број публикувани статии во периодот:
од 1970 до октомври 2007
од 1997 до октомври 2007
Име и презиме
број на публикувани статии
Име и презиме
број на публикувани статии
1 Глигор Јовановски
96
1 Љупчо Пејов
67
2 Трајче Стафилов
91
2 Глигор Јовановски
64
3 Љупчо Пејов
67
3 Трајче Стафилов
63
4 Владимир Петрушевски
65
4 Валентин Мирчевски
40
5 Валентин Мирчевски
42
5 Владимир Петрушевски
40

Во рамките на библиометриската анализа на податоци направена во текот на подготовката на оваа статија со користење на повеќе параметри/индекси ќе бидат презентирани достигнувањата на најуспешните членови на Институтот во периодот (1) од 1970 година до денес и во периодот (2) од 1997 година до денес. Идејата за ваквата поделба лежи во желбата на авторот на овие редови да се види кои области од хемијата во поголема мерка се развиваат во последниве десетина години и кои се луѓето одговорни за ваквиот развој.

Табела 2. Соработниците на авторите во Табела 1 се дадени во оваа табела
Име и презиме
Соработници*
1 Глигор Јовановски
П. Наумов (35 - 37%),
Б. Шоптрaјанов (32 - 34%),
О. Групче (25 - 26%)
2 Трајче Стафилов
К. Чундева (29 - 36%),
Г. Павловска (18 - 22%),
Д. Зенделовска (14 - 18%)
3 Љупчо Пејов
В. Петрушевски (19 - 28%),
Б. Шоптрајанов (18 - 28%),
Г. Јовановски (8 - 12%)
4 Владимир Петрушевски
Љ. Пејов (19 - 29%),
Б. Шоптрајанов (18 - 28%),
С. Алексовска (8 - 12%),
В. Ивановски (8 - 12%)
5 Валентин Мирчевски
Р. Гулабоски (19 - 35%),
F. Scholz (13 - 25%),
М. Lovric (12 - 23%)
* Првата бројка во заградата означува број на заеднички статии, додека пак, втората означува колкав е уделот на соодветниот соработник во вкупната актива на анализираниот автор.

Во Табела 1. дадени се вработените на Институтот кои во својот досегашен работен век имаат публикувано најголем број трудови. Тројца од овие автори се занимаваат со структурна хемија (Јовановски, Пејов и Петрушевски). Проф. д-р Стафилов се занимава со инструментална аналитичка хемија, претежно со атомска апсорпциона спектрофотометрија и со хроматографија. Проф. д-р Мирчески е специјалист за електрохемија. Неговите достигнувања во последниве десетина години ја имаат доведено електрохемијата на Институтот на ново многу повисоко ниво. Тој претежно се занимава со експериментални и теоретски студии на различни електрохемиски процеси.

Во втората половина од оваа табела се наоѓаат вработените на Институтот за хемија кои во последниве десет години имаат публикувано најголем број трудови. Како што може да видите и во овој дел од табелата се појавуваат истите имиња, но редоследот е нешто поразличен. Споредбата на бројот на публикувани резултати во SCI во овој период кај поискусните членови на Институтот е зголемено (што е инаку тренд во целиот свет). За одбележување се 67 статии публикувани проф. д-р Пејов за период од околу десетина години откако е вработен на Институтот.

Како мерило за популарноста на публикуваните резултати претставува бројот на цитати на соодветниот автор во трудовите публикувани од страна на други автори. Резултатите од оваа анализа се презентирани во Табела 3.

Табела 3. Вработени на Институтот подредени според бројот на цитати во SCI (1970 - 2007)
Име и презиме
број на цитати
h-index
број на публикувани статии
1
Глигор Јовановски
1105
18
96
2
Трајче Стафилов
575
13
79
3
Иван Грозданов
506
14
34
4
486
11
63
5
Валентин Мирчески
444
12
53
6
Љупчо Пејов
346
10
68
7
Катарина Чундева
328
12
29
8
Орхидеја Групче
206
11
29
9
Владимир Петрушевски
237
8
64
10
195
8
20
11
Билјана Пејова
176
9
18

И од оваа табела може, исто така, да се види односот на силите на вработените на Институтот. Овде би требало да се каже дека цитатите во оваа табела ги вклучуваат и автоцитатите (сопствени цитати на авторите во кои тие својата работа ја надоврзуваат на претходно публикуваните резултати). За да се минимизира улогата на автоцитатите во мерката на тоа колку научната работа на еден автор е популарна воведен е т.н. h-index. Доколку h-index-от има вредност 10 тоа значи дека 10 трудови од дадениот автор се цитирани повеќе од 10 пати. Овој индекс најмногу може да порасне доколку статиите на даден автор се цитирани претежно од други автори. Тоа може да се случи доколку областа со која авторот се занимава е многу популарна.

Во Табела 3 може да се забележат тројца автори кои и покрај релативнио малиот број на статии (во споредба со останатите од оваа табела), имаат h-index со висока вредност. Станува збор за проф. д-р Иван Грозданов, проф. д-р Методија Најдоски и доц. д-р Билјана Пејова. Активноста на овие истражувачи е свртена кон науката за материјалите или попрецизно кон изучување на својствата на тенки филмови. Научните резултати на овие истражувачи се од во светот многу популарна област и поради тоа најголемиот број на цитати на нивните трудови не се автоцитати.

Интересна ни изгледаше да се направи и анализа во рамките на која би се видело каде најчесто вработените на Институтот за хемија ги публикуваат своите резултати. Во Табела 4 се дадени десетте списанија во кои членовите на Институтот најчесто имаат публикувано свои резултати (за периодот од 1970 година септември 2007 година, како и за последните десет години). Ова е направено за да се види кои се областите со кои членовите на Институтот се преокупирани во својата работа (ова би можело да се види од специјализираните списанија) и на кое ниво во светски рамки се истите резултати (според факторот на влијание на списанијата дадени во Табела 4).

Табела 4. Списанија во кои најчесто се публикуваат резултати од вработените на Институтот за хемија:
од 1970 до октомври 2007
од 1997 до октомври 2007
Списание Фактор на влијание (за 2006) Број на статии Списание Фактор на влијание (за 2006) Број на статии
1 Journal of Мolecular Structure
1,495
103
1 Journal of Мolecular Structure
1,495
63
2 Croatica Chemica Acta
0,778
38
2 Croatica Chemica Acta
0,778
17
3 Journal of Thermal Analysis and Calorimetry
1,438
26
3 Spectrochimica Acta Part A-Molecular And Biomolecular Spectroscopy
0,432
15
4 Spectroscopy Letters
0,772
18
4 Journal of The Serbian Chemical Society
0,432
14
5 Acta Crystallographica Section C-Crystal Structure Communications
0,896
17
5 Journal Of Thermal Analysis And Calorimetry
1,438
13
6 Spectrochimica Acta Part A-Molecular And Biomolecular Spectroscopy
1,270
16
6 Journal of Electroanalytical Chemistry
2,339
11
7 Thermochimica Acta
1,417
15
7 Vibrational Spectroscopy
1,880
10
8 Journal of The Serbian Chemical Society
0,432
14
8 Analytical Letters
0,986
9
9 Analytical Letters
0,986
12
9 Chemical Physics Letters
2,462
9
10 Journal of Electroanalytical Chemistry
2,339
12
10 Electroanalysis
2.444
9

Од табелата може да се види дека најчесто публикувани резултатите на членовите на Институтот се во списанијата од областа на молекулска спектроскопија (Journal of Мolecular Structure, Spectrochimica Acta и Spectroscopy Letters) што може да се протолкува како наследство на групата за структурна хемија и нејзините основачи (проф. д-р Иван Петров и акад. д-р Бојан Шоптрајанов). Впрочем и најголемиот број вработените на Институтот, може да се смета дека, потекнуваат или со својата научна работа се поврзани со групата за структурна хемија. Оваа табела се наоѓаат и две списанија од областа термохемија (Thermochimica Acta, Journal of Thermal Analysis and Calorimetry) во кои своите резултати во изминативе години ги имаат публикувано, претежно, професорите Илинка Донова и Вера Јордановска (најчесто во во соработка со научници од Словенија). Во табелата се наоѓа и едно специјализирано списание за аналитичка хемија, а резултатите презентирани во оваа публикација се претежно резултат на работата на групата која се занимава со атомска апсорпциона спектрофотометрија (предовдена од проф. д-р Трајче Стафилов).

Она што го радува авторот на овој текст е десниот дел од Табела 4. Во овој дел од табелата се презентирани резултатите од публикациите направени од членовите на Институтот во последните десет години. Тука може да се забележат списанија со поголеми фактори на влијание во споредба со левиот дел од табелата. Тоа може да се протолкува и како последица на зголеменото ниво на публикуваните научни резултати и покрај се поограничените средства за наука кои ги државата ги одвојува. Во делот на Табела 4 кој се однесува за периодот од 1997 до 2007, за одбележување е поголемиот број на статии публикувани во списанија од областа електрохемија (со висок вактор на влијание). Ова се должи претежно на работата на проф. д-р Валентин Мирчески и неговите соработници.

За крај на оваа анализа на резултатите и постигнувањата на вработените на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје во Табела 5 ви нудиме листа на најцтирани трудови на вработените на Институтот кои, во периодот за кој се однесуваат, се најчесто цитирани во научната јавност.

Табела 5. Најцитирани статии на научници од Македонија вработени на Институтот за хемија при ПМФ
Публикувани во периодот од 1970 до 2007 година цитати* Публикувани во периодот од 1997 до 2007 година цитати*
1 Jursic BS, Zdravkovski Z 90  (6.92) 1 Pejov L, Hermansson K 48  (9.60)
Theoretical investigation of cis-nitric and trans-nitric oxide dimers with ab-initio and density-functional gaussian-type orbital approach INTERNATIONAL JOURNAL OF QUANTUM CHEMISTRY 54 (3): 161-166 MAY 5 1995 On the nature of blueshifting hydrogen bonds: Ab initio and density functional studies of several fluoroform complexes JOURNAL OF CHEMICAL PHYSICS 119 (1): 313-324 JUL 1 2003
2 Kamenar B, Jovanovski G 75  (2.88) 2 Icbudak H, Olmez H, Yesilel OZ, Arslan F, Naumov P, Jovanovski G, Ibrahim AR, Usman A, Fun HK, Chantrapromma S, Ng SW 41  (8.20)
Manganese(II) Saccharinate Hexahydrate, Mn(C7H4NO3S)2 . 6H2O and Isomorphism With The Analogous Fe, Co, Ni, Zn And Cd Complexes CRYSTAL STRUCTURE COMMUNICATIONS 11 (1): 257-261 1982 Syntheses, characterization and crystal structures of novel amine adducts of metal saccharinates, orotates and salicylates JOURNAL OF MOLECULAR STRUCTURE 657 (1-3): 255-270 SEP 10 2003
3 Jovanovski G, Kamenar B 64  (2.46) 3 Jovanovski G, Naumov P, Grupce O, et al. 38  (3.80)
Ionic saccharinates .1a. sodium saccharinate 2/3 hydrate, C7H4NO3SNa . 2/3H2O .1B. Magnesium disaccharinate heptahydrate, (C7H4NO3S)2Mg . 7H2O CRYSTAL STRUCTURE COMMUNICATIONS 11 (1): 247-255 1982 Structural study of monoaquabis (pyridine)bis(saccharinato)copper(II), [Cu(H2O)(py)(2)(sac)(2)] EUROPEAN JOURNAL OF SOLID STATE AND INORGANIC CHEMISTRY 35 (3): 231-242 MAR 1998
4 Pejov L, Hermansson K 48  (9.60) 4 Naumov P, Jovanovski G, Drew MGB, et al 37  (5.29)
On the nature of blueshifting hydrogen bonds: Ab initio and density functional studies of several fluoroform complexes JOURNAL OF CHEMICAL PHYSICS 119 (1): 313-324 JUL 1 2003 Outer-sphere coordination, N-coordination and O-coordination of the deprotonated saccharin in copper(II) saccharinato complexes. Implications for the saccharinato carbonyl stretching frequency INORGANICA CHIMICA ACTA 314 (1-2): 154-162 MAR 19 2001
5 Icbudak H, Olmez H, Yesilel OZ, Arslan F, Naumov P, Jovanovski G, Ibrahim AR, Usman A, Fun HK, Chantrapromma S, Ng SW 41  (8.20) 5 Zendelovska D, Pavlovska G, Cundeva K, Stafilov T. 34  (4.86)
Syntheses, characterization and crystal structures of novel amine adducts of metal saccharinates, orotates and salicylates JOURNAL OF MOLECULAR STRUCTURE 657 (1-3): 255-270 SEP 10 2003 Electrothermal atomic absorption spectrometric determination of cobalt, copper, lead and nickel traces in aragonite following flotation and extraction separation TALANTA 54 (1): 139-146 MAR 30 2001
* Бројот во заградите означува просечен број на цитати во текот на една година.

Во Табела 5 може да се забележи дека најцитиран е трудот на проф. д-р Зоран Здравковски објавен во списанието International Journal of Quantum Chemistry, додека пак, најцитиран труд на член на Институтот во последните десет години е трудот на проф. д-р Љупчо Пејов објавен во списанитето Journal of Chemical Physics во 2003 година. Во најголем број на трудовите кои се дадени во Табела 5 автор е акад. д-р Глигор Јовановски. Покрај трудовите од областа на структурната хемија на оваа листа се наоѓа и еден труд од областа аналитична хемија (од членови на групата на проф. д-р Трајче Стафилов).

Автор: Игор Кузмановски

Напомена

Неможноста секој да има слободен пристап до бази на податоци како што се Science Citation Index (преку online сервисот Web of Science) и Scopus беа поттик на авторот на овие редови да ја направи оваа скромна библиометриска анализа на достигнувањата на членовите на Институтот. Анализата може да биде направена и многу подетално, но тоа не беше целта на овој напис. Целта беше да се одбележат достигнувањата на членовита на оваа институтција која е одговорна за публикувањето на околу 1/3 од сите научни пуликации кои се презентирани на светската научна од научници од Република Македонија.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (5091 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (5027 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (5006 посети)
Приказна за сапунот (4965 посети)
Љубов или хемија? (4948 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4924 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net