Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Протеини со лошо решени кристални структури

Една детална студија направена врз 14.518 кристални структури преземени од Protein Data Bank (PDB) покажала изненадувачки резултати - списанијата со висок фактор на влијание (англ. термин: impact factor) почесто публикуваат структури со повеќе грешки во споредба со останатите научни списанија.

Истражувањето покажува дека најпогодени се списанијата: Cell, Science, Molecular Cell и Nature. Специјалистите кои се занимаваат со изнаоѓање на структурите на протеини подолго време се сомневаа во вакво нешто. За нив оваа студија претставува квантификување на нивните сомнежи.

Истражувњето покажало дека стуктурите решени во центри и групи кои се занимаваат со структурна геномика во значителна мерка се поточни во споредба со другите лаборатории. Групите кои се занимаваат со структурна геномика, структурите ги определуваат во голема мерка автоматизирано и користат резултати од повеќекратно повторувани експерименти. За техниките кои се користат во геномиката до сега се велеше дека се посклони кон грешки, но овие наоди го потврдуваат спротивното.

Subramanian Ramaswamy

Докторантот Eric N. Brown и неговиот соработник професор Subramanian Ramaswamy од University of Iowa, Iowa City, САД, го извршиле ова истражување (Acta Crystallogr. Sect. D 2007, 63, 941). Тие се сомневаат дека притисокот за да се отпечатат резултатите во списанија со висок фактор на влијание влијае врз квалитетот на научната работа, а со тоа и на решените структури.

Katrina Kelner, заменик уредник во списанието Science (Life Sciences), вели дека списанијата со повисок фактор на влијание обично публикуваат структури на покомплексни протеини и затоа не е чудно, што овие структури претставуваат резултати кои се на фронтот на науката, на се толку добро определени како што е случај со т.н. рутински структури. Студијата се занимава со коректноста на структурите, а не со нивната комплексност, смета Kelner. Таа, сепак, смета дека ова истражување претставува позитивен придонес на полето на анализа на структурите на протеините.

Alexander Wlodawer
Richard N. Armstrong

Alexander Wlodawer, задолжен за макромолекуларна кристалографија во National Cancer Institute, Frederick, Md., САД, нагласува дека голем број статии поврзани со структури на протеини биле повлечени неодамна зашто биле потполно погрешни. Тој сугерира дека автоматизирана анализа PDB верзија на структурите треба да им биде достапна на резензентите на ваков тип статии. „Тогаш резензентите ќе може барем, на прв поглед, да кажат што мислат за квалитетот на резензираната структура.“ додава Wlodawer. „Се што може да биде коригирано и може да биде направено подобро, и треба да биде направено подобро“.

Професорот Richard N. Armstrong од Vanderbilt University, School of Medicine, е уредник на списанието Biochemistry (на American Chemical Society), кое важи за едно од најдобрите во таа област. Тој вели, „Прашањето кое секој истражувач треба да си го постави пред да избере една од неколкуте можни структуру е: 'Дали сакам да бидам прв или да бидам најдобар?' Ако одговорот е прв, тогаш е време да се потсетиме за што служи науката.“

 Статии

најчитани
Минерали од Македонија на компакт диск (4988 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4974 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4971 посети)
Приказна за сапунот (4926 посети)
Љубов или хемија? (4909 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4864 посети)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Applications of 1H NMR spectroscopy (6069 посети)
Academic Earth (6068 посети)
Sci.chem (6052 посети)
Stockholm Convention on Persistent Organic Pollutants (6049 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (6049 посети)
Periodic Table of Comic Books (6048 посети)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net