Квантнохемиска анализа на милениумската молекула Y2K |
||||||||||||
![]() |
На сите ни е познато колкава врева се створи на крајот од минатата година, колку пари и време беа потрошени на предупредувањата и заштитата од можните штети од Y2K-милениумската бубачка. Во тој период двајцата професори Jeffrey Roberts и Christopher Cramer од Универзитетот во Минесота забележале дека не постојат литературни податоци за „сезонската молекула“ составена од два атоми итриум и еден атом калиум. Истражувачите, мудро, веднаш започнале детална квантнохемиска анализа на Y2K молекулата. Резултатите од таа работата се публикувани во списанието Science од 17 декември 1999 година. „Немавме никакви проблеми со компјутерите во текот на анализата на Y2K“ вели Roberts. Тој исто така вели дека во план е да се анализира и молекулата „зошто не“ со хемиска формула YNOT (итриум, азот, кислород и трициум-радиоактивен изотоп на водородот). „Имавме намера да ја анализираме и Y3K молекулата, но сметаме дека за тоа е сe уште рано” велат Roberts и Cramer. За да ги проверат своите претпоставки за можното постоење на молекула изградена од два атома итриум и еден калиум, биле користени компјутерите на Minnesota Supercomputer Institute. „Анализите покажуваат дека може да постојат два изомера линеарен (Y-Y-K) и Т-облик“ велат авторите. Не бил направен обид да се предвидат својствата на супстанцата во цврста фаза, а со тоа оставена е отворена можноста оваа молекула некогаш да биде користена за изработка на компјутерски чипови. Авторите сметаат дека супстанцата не би предизвикала проблем доколку се најде во компјутер. Опасноста за компјутерот е поголема доколку врз него се истури кафе, поради тенденцијата калиумот да реагира со вода. На крај деканот и раководителот на компјутерскиот центар биле известени дека за анализата биле потрошени само 12 часа суперкомпјутерско време и дека не е забележано никакво оштетување на системотод милениумската молекула. Очекуваме Roberts и Cramer во скоро време да ги публикуваат резултатите од анализата на молекулата YNOT, зошто не, но останува нејасно дали за анализан на Y3K ке мора да почекаме уште илјада години. |
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net