Wikipedia

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Европа ја поддржува соработката за византиското наследство

Инструментот микрорамански спектрометар, кој ќе биде набавен во рамките на акцијата на ЕУ за посебна поддршка на Западен Балкан, е едно од најновите технолошки достигнувања, кое преку оптички влакна регистрира сигнал од многу мали површина (од 1 до 10 микрони) и не го оштетува испитуваниот објект.

Овој инструмент, исклучително погоден за испитување на археолошките и на музејските објекти, и инфрацрвениот спектрофотометар, кој веќе се користи на Институтот за хемиjа при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ќе овозможат примена на недеструктивните методи за анализа во археометријата.

Интернет страница која претставува поддршка за овој поект

- Археометрија е мултидисциплинарна гранка на науката, која се занимава со примена на научни методи и истражувачки техники од областа на природните науки во археологијата и историјата на уметноста. Тоа е спој помеѓу археологијата и природните науки. Истражувањата од областа на археометријата бараат соработка на два вида специјалисти: оние од природните науки и од археологијата, историјата на уметност и други слични гранки. Без нивна заемна соработка не може да се постигне подобрување на методите на карактеризација и конзервација, во кои недеструктивните спектроскопски методи заземаат исклучително значајно место - вели проф. д-р Билјана Минчева-Шукарова од Институтот за хемија, која е координатор на проектот.

За работа со овој инструмент ќе бидат оспособени двајца млади истражувачи, кои во некои од европските лаборатории би требало да се обучат за анализа на пигменти (користени во средновековното фрескосликарство) и во керамиката (неолитска и византиска).

Институции кои учествуваат во проектот
Centre National de la Recherche Scientifique, Laboratoire de Dynamique, Interactions et Reactivite
Department for Analytical Chemistry, Faculty of Sciences, Ghent University, Белгија
Department of Chemistry, Aristotle University, Солун, Грција
Факултет за хемија, Универзитет во Софија, Бугарија
и др...
Тимот од Институтот за хемија во Скопје кој учествува во реализацијата на проектот
http://archaeometry.ukim.edu.mk/team.php

- Веќе одбравме две лаборатории со кои сме имале и претходна соработка - лабораторијата на ЦНРС (Централен национален истражувачки институт) во Париз, Франција, и лабораторијата на Одделот за аналитичка хемија на Универзитетот во Гент, Белгија. Меѓутоа, многу е важна и соработката со институциите во регионот, поради што ќе се воспостават контакти со нашите соседи: Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Имаме слично, често исто културно наследство, па логично е соработката да почне околу византиската уметност, која е заедничка во оваа област. Конкретниот интерес ќе се насочи на византиските фрески, икони и керамика - најавува проф.д-р Минчева-Шукарова.

Тоа се, всушност, првите активности на Балканската археометриска мрежа, во која членуваат и Романија, Турција и Црна Гора. Мрежата е формирана на 12 септември минатата година, за време на Kонференцијата на хемиските друштва на Југоисточна Европа, одржана од 10 до 14 септември во Охрид.

- Без оглед на националните, културните и политичките разлики, преку оваа мрежа се зајакнува интересот за заедничкото културно наследство и се промовира археометријата како мултидисциплинарен приод за зачувување на културното наследство во регионот - вели проф. д-р Минчева-Шукарова.

Овој проект на Институтот за хемија го доби првото место од вкупно 211 пријавени проекти од петте земји на Западен Балкан: Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија. Од вкупно четирите милиони евра што му ги додели ЕУ на Западен Балкан за подобрување на истражувачките капацитети, Македонија доби речиси еден милион.

Лична карта на проектот:

  • Вредност – 299.995 евра
  • Почнат е на 1 април 2007, ќе заврши на 30 септември 2009 година.

Во периодот од 1998 до 2004 година:

  • Бројот на истражувачи е намален за 20 %;
  • Буџетот за наука и равој е намален за 50 %;
  • Во 2004 година изделувањата за наука и развој изнесувале 0,23/ГДП и биле најмали во Европа .

Напомена: Оваа статија е преземена од дневниот весник Време, со цел Hemija.net да помогне во промоцијата на овој благороден проект.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Applications of 1H NMR spectroscopy (6069 посети)
Academic Earth (6068 посети)
Sci.chem (6052 посети)
Stockholm Convention on Persistent Organic Pollutants (6049 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (6049 посети)
Periodic Table of Comic Books (6048 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net