350.org

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Како да се фати на дело атлет кој користи инсулин како допинг?

Се верува дека се поголем број на спортисти нелегално користат инсулин за да ги подобрат своите перформанси, но за жал контролата на злоупотребата на инсулинот останува неказната. Неодаман од страна на германски и белгиски научнци направен е тест со кој може да се докаже недозволеното коирстење на инсулин.

Иако не е познато со сигурност дали инјектирањето на инсулин ги подобрува перформансите на спортистите или не. Меѓународниот олимписки комитет ја забрани употребата на овој хормон за спортистите кои не страдаат од дијабетис во 1998 година. Но, тест за таа намена до не одамна не постоеше.

„До сега не постоеше начин на кој би можело да се направи разлика помеѓу синтетичкиот инсилин и инсулинот од едногено потекло,“ вели Mario Thevis, биохемичар од Германскиот спортски универзитет во Cologne. „За да се заштитат атлетите од недозволеното користење на инсулинот постоење потреба од едноставен и сигурен тест,“ вели тој. Недамна Thevis и соработниците ги побликуваа резултатите од еден таков тест во списанието Analytical Chemistry.

Тимот на Thevis ги прочистил супстанците кои настануваат со разложување на природниот и синтетскиот инсулин од урината на здрави волонтери, како иод пациенти и атлети кои боледуваат од дијабетис.

„Терапевтските средства вообичаено се контролираат во крвта, додека пак, судбината на метаболитите во кои произлегуваат од овие средства во урината се занемарливи,“ вели Thevis. „Денес, модерната аналитичка инструментација овозможува детекција на супстанци и метаболити со многу ниски конентрации и во урината. На пример, аминокиселинскиот состав на синтетскиот инсулин е доста различен во споредба со природниот, а оваа разлика може да се детектира со масена спектрометрија.“

Тестот кој го предлага оваа група научници може успешно да се применува за детектирање на метабилитите на Lantus инсулинот - синтетски тип на инсулин кој често се користи. Светската антидопинг агенција (World Anti-Doping Agency) прифатила да ја испита употребливоста на овој тест.

„Јасно е дека овој тест претставува значаен напредок. Сакаме да ја применуваме оваа метода за да ги фатиме допингиувание атлети.“ вели Olivier Rabin директор за наука на Светската антидопинг агенција која има седиште во Монтреал, Канада.

Иако истражувачите ја валидирале и тестирале методата со еден тип на синтетички инсулин, таа не функционира при анализа на примероци од урина на пациенти кои користеле друг тип на синтетички инсулин или, пак, инсулин кој претставува комбинација на синтетски и природен инсулин. Thevis вели дека неговиот тим работи на овој проблем и тој верува дека наскоро ќе излезат со прифатливо решение.

Инсулинот, како супстанца која ги подобрува перформансите на спортистите, се користи за намалување на деградацијата на мускулното ткиво. Деградацијата на мускулното ткиво е посебно изразена кај атлети (како на пример бодибилдери) кои како допинг го користат и хормонот за растење. За велосипедистите и атлетичарите инсулинот претставува гориво за мускулните клетки, со кое се подобрува нивната издржливост. Иако потеклото на допингот со инсулин не е познато, запленувањето на багаж на аеродромите и сведоштвата на атлети покажуваат дека злоупотребата на инсулинот претставува вистински проблем.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net