Возилата кои корстат етанол се штетни за здравјето |
||||||||||||
![]() |
Резултатите на Jacobson, кои недоамна се презентирани во списанието Environmental Science & Technology и вклучуваат симулација на атмосферата над САД во 2020 година со посебен осврт на Los Angeles. Тој симулирал две сценарија: во едното сите возила користат нафта, а во другото сите возила користат Е85 (смеса од 85 проценти етанол и 15 проценти нафта). Jacobson вели дека резултатите од компјутерските симулации се застрашувачки! „Откривме дека Е85 возилата ја намалуваат концентрацијата на канцерогентите супстанци како што се бензен и бутадиен, но ја зголемуваат концентрацијата на други две супстанци - формалдефид и ацеталдехид“, вели тој. „Како позледица, од ова настанувањето на канцер како резултат од користење на Е85 ќе биде слично на настанувањето на канцер кое би било последица од користењето на нафта. Но, лошо е тоа што Е85 доведува до формиирање на погоелми количино озон, кој претставува главна состојка на смогот.“ Озонот може да го намали капацитетот на белоте дробови, да предизвика воспаление на белите дробови, може да ја влоши астмата и да ја влоши состојбата на целокупниот имунолошки систем. Од анализите направени врз основа на оваа симулација научниците велат дека Е85 ќе предизвика зголемување на смртноста поврзана со емисијата на озон за околу 4% во САД и за околу 9% во Los Angeles. Студијата покажува дека штетните ефекти од Е85 ќе бидат исти без разлика на тоа од кои растителни извори се добива етанолот. „Денес многу се инвестира во етанолот,“ вели Jacobson. „Но, ние дојдовме до сознание дека Е85 ќе има барем толку штетнни ефекти врз здравјето колку што предизвикува и користењето на нафтата, која во САД доведува до околу 10.000 случаи на смрт годишно предизвикани од озонот и сличните супстанци. Ако веќе немаме никакви придобивки за здравјето, зошто тогаш да се проздолжи со промоцијата на етанолот и останатите биогорива?“ |
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net