Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Компјутерите учат хемија

Хемичарите кои прелистуваат илјадници новоотпечатени статии секој месец посакуваат тоа наместо нив да го прави компјутер! Па, можеби еден ден тоа и ќе се случи: ова претставува задача која треба да се реши, а претставува дел од предложениот проект на одделот за издаваштво на Royal Society of Chemistry.

Започнувајќи од февруари 2007, статиите објавувани во списанијата на RSC ќе бидат правени на начин на кој ќе биде лесно да бидат прочитани, индексирани и пребарувани од компјутерите. Целта на овој проекр, прв од ваков вид, е да се создаде хемиска верзија на она што се нарекува „семантичка мрежа“: каде компјутерите ќе бидат во можност да го разберат значењето (семантиката) на информациите, а не само да едноставно да пребаруваат податоци.

Во првата фаза, објаснува Richard Kidd кој го води овој проект, техничките уредници со помош на компјутерски програми, ќе ги збогатат статиите со нови информации, кои се нарекуваат метаподатоци (metadata). Иако метаподатоците нема да бидат видниви за корисниците, со нивна помош тие ќе можат полесно да стигнат до саканата информација.

Ова не претставува само заштеда на време. Метаподатоците се запишуваат на начин разбирлив за компјутерите, вклучувајчи тука: стандарди како што се InChI (Iupac's International Chemical Identifier for compounds), OBOs (Open Biomedical Ontologies: a hierarchical classification of biomedical terms), како и CML (Chemical Markup Language: a chemistry equivalent of the internet's HTML).

Компјутерски разбирливите метаподатоци се во состојба да им помогнат на компутерските програми во повнимателно пребарување на содржините на RSC при потрагата по информации (и нивен соодветен приказ пред корисникот.) Се очекува дека со ваквиот пристап компјутерот би бил во состојба да разбере дека хемчарот кој се интересира за ацетон, исто така, ќе биде заинтересиран и за диметилкетон, отстранувач на лак од нокти, или пак, за органски раствотувачи. Овој пристап, веруваат во RSC, ќе им овозможи на хемичарите во полесно пронаоѓање и разбирање на хемискиот дел од информациите, при тоа не водејќи сметка за тоа дали компјутерот правилно ќе ги разбере? Потешкиот дел од работата им пропаѓа на компјутерите.

„Преложениот проект ја демонстрира посветеноста во инвестирање во иновативни технологии кои на авторите и читателите ќе им обезбеди најдобри можни услуги“, вели Robert Parker уредник во RSC. Иницијативата е развиена во соработка со Unilever centre of molecular informatics и Computing laboratory од Cambridge University.

„Со сигурност може да кажеме дека другите издавачи ќе го следат примерот на RSC“, вели Bob Bovenschulte, раководител на секторот за издаваштво во American Chemical Society, при тоа додава дека „АСЅ активно работи на развој на сопстван систем кој треба да поседува слични карактеристики“. За сега АСЅ не се наоѓа во финална фаза со започнување на сличен проект.

Издавачите на научни списаније ќе мора наскоро да се адаптираат на новите промени каде научните статии се очекува да бидат индексирани вернаш по објавувањето. Од друга страна пак, издавачите кои се занимаваат со апстактирање и обезбедуваат бази на податоци може да се најдат загрозени. Во врска со ова Bovenschulte, смета дека било какви предвидувања на иднината, во овој момент може да бидат избрзани, тој верува дека издавачите на секундарни информации ќе продолжат да функционираат со изнаоѓање на нови иновативни начини на доближување до корисниците со користење на новата технлогија.

Хемичарите се водечки во овој сегмент, но тоа не може да се каже за другите наули. Биолозите се доста напред во автоматизација на класификацијата, но заеднички напредни стандарди тешко дека може да се постават, ако се има предвид дека нови термини се појавуваат секој ден. А физичарите и математичарите измислуваат доволно нови термини и ознаки со кои би можело да виде збунет и најсофистицираниот компјутерски програм! Зрелоста на хемијата како наука - со нејзините точно дефинирани супстанци и конвенции за презентирање на податоци - ја правата најпогодна за започнување на револуција во електронското издаваштво.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net