Мирисот на железото |
||||||||||||
![]() |
Од каде потекнува чудниот метален мирис кој го чувствуваме кога ќе допреме некој железен предмет, како на пример огради, алатки или, пак, монети? Мирисот на железо кој се добива при ова е всушност еден вид на мирис кој потекнува од нашето тело, а не од железото, вели states Dietmar Glindemann. Чувството дека ние го мирисаме металот, е всушност илузија! Dietmar Glindemann во соработка со тим од истражувачи од Virginia Polytechnic Institute и State University од САД, како и University of Leipzig и Leipzig Environmental Research Center, во Германија тој успеал да ја открие молекулата која го предизвикува овој мирис. Седумте испитаници, врз кои се вршени експериментите, веднаш го препознатле мирисот на железо при допир на предемт од железо или на раствор во кои постоеле железо(II) јони. Наспроти ова растворите во кој јонот на железото поседувал позитивен полнеж не го предизвикувале железниот мирис. Со Анализа на гасни примероци од кожата на испитаниците се покажало дека при допирот со железото се формирани поголем број органски молекули. Главната компонента која поседува метален мирис, дури и кога е многу разредена, е 1-октен-2-он. Прекурсори на оваа молекула се липидни пероксиди, кои се синтетизираат при оксидација на мастите од кожата со некои ензими или од при други процеси (на пример со ултавиолетова светлина). Формираните липидни пероксиди се разложуваат како резултат на пренос на полнеж од железниот предмет на липидот. Крвта, исто така, содржи железо. Триењето на крвта од кожата доведува до појава на сличен мирис, а тој се должи на молекули со слична структура како претходно спомнатите. Glindemann верува дека во дамнешното минато луѓето биле во состојба врз основа на сетилото на мирис да ја го следат пленот, или пак, да го најдат изгубениот член на племето. Денес ова сетило не го користиме во толкава мерка, вели тој. Врз основа на овие сознанија, медицинските истражувања би можело да продолжат во насока на развој на тестови за кожа, крв и ткива со кои би можело да се откријат специфични маркери од испарливи молекули кои се специфични за различна личност, оксидативен стрес или болест. Истражувачите успеале да откријат и друг тип на метален мирис. Железото богато со јаглерод и со фосфор во контакт со киселина ослободува еден вид карактеристичен метален мирис кој потсетува на мирисот на лукот. До неодамна металурзите сметаа тој мирис се должи на ослободениот фосфин (PH3). Но, познато е дека чистиот фосфин е гас без мирис? Вистинската причина за овој мирис се органофосфините кои се формираат, а посебно интенивно мирисните супстанци како што се метилфосфинот и диметилфосфинот. Нивната структура е како на фосфинот, со тоа што еден, односно два водородни атоми се заменети со CH3 групи. РеференциD. Glindemann et al.; "The Two Odors of Iron when Touched or Pickled: (Skin) Carbonyl Compounds and Organophosphines"; Angewandte Chemie International Edition 2006, 45, No. 42, 7006-7009. |
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net