Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Изотопите помагаат во идентификација на вештачкиот тестостерон

Што се случи?

Во изминатиот период, велосипедистот Floyd Landis и спринтерот Justin Gatlin не успејаа да ги поминат допинд тестовите на кои беа подложени - и тоа не затоа што земале некое ново софистицирано допинг средство, туку затоа што нивото на старомодниот хормон тестостарон било високо во нивниот организам. Landis направи спектакуларен камбек во седумнаесетата етапа на светски познатата велосипедска трка Tour de France и на крајот го освои првото место.

Justin Gatlin

Floyd Landis

Но примероците од урина земени по прикажувањето на овие извонредни перформанси покажаа невоопбичаено високи конценрации на тестостерон. Тестовите кои во април беа извршени врз Gatlin, светски рекордер на 100 m, го потврдија присуството на синтетички тестостерон во неговиот организам. Обајцата тврдат дека се невини.

Зошто некој би консумирал тестостерон?

Овој хормон, кој природно постои во човековиот организам, влијае врз зголемување на мускулната маса, помага во заздарвување на раните и зголемување на брзината. Некои експерти не веруваат дека може да има некаква корист од земање на тестостерон, посебно во спортови каде растењето ма мускулите може да го забави телото. Сепак, овој хормон е една од почестите супстанци кои се појавуваат во лабораториите на Светската анти-допинг агенција (World Anti-Doping Agency - WADA), вели David Cowan, директор во Drug Control Centre при King's College London.

Како го внесуваат во организмот?

Синтетичката верзија на хормонот може да се внесе во организмот со инјектирање или орално. Инаку, синтетичката верзија на хормонот може да се добие од стероиди присутни во некои растенија.

Како се изведуваат тестовите во лабораторија?

Хемиска формула на тестостеронот

Лабораториските анализи вообичаено се темелат на анализа на проби од урина во кои се испитува односот меѓу тестостеронот и епитестостеронот, кои природно се произведува во човековиот организам заедно со хормонот. Нормалниот однос (Т/Е) кај мажите изнесува околу 1:1, иако постојат и извесни варијации од човек од човек. Затоа со текот на времето се има менувано значењето на терминот сомнително високо ниво на тестостерон. На почетокот на 2005 WADA ја постави границата на 4:1. Денес односот Т/Е повисок од 4:1 се смета за сомнителен. Т/Е односот кај примероците земени од Landis изнесува 11:1.

Проблемот е во тоа што спортистите заедно со тестостеронот може да внесат епитестостерон - задржувајќи го односот во прифатливи граници! На ваков начин добиените ресултати од тестот се негативни! Заради ова пробите од Gatlin биле анализирани со пософистицитана метода за анализа - масена спектроскопија. Со оваа техника, развиена пред неколку години, може да се најде односот на изотопите на јаглеродот во различни супстанци во урината. Природниот хормон кај луѓето содржи константен однос на 12C и 13C, додека пак, синтетичкиот тестостерон поседува помало количество од потешкиот изотоп.

Се смета дека овој тест е многу подобар од определување на Т/Е односот за разликување на природниот од синтетичкиот тестостерон. За жал не може секогаш да се користи со оглед на тоа што во урината има многу малку од хормоните, вклучувајќи го тука и тестостеронот. „Резултатите се извонредни, кога може да се користи оваа метода“, вели Cowan, „за жал, методата не е секогаш доволно осетлива“. Пробите земени од Landis исто така ќе бидат анализирани со масена спектрометрија.

Дали е можно некој со високо количество на природен тестостерон да се покаже позитивен на тестот?

Да, можно е некој спортист природно да има висок Т/Е однос. Промената на исхраната или алкохолот може да доведат до краткотрајна промена на Т/Е односот, но поголеми варијации во текот на неколку денови или недели претставува индикација за допинг.

Кој други супстанци кои природно се наоѓаат во организмот може да се користа за допинг?

Единствена друга супстанца која се користи за оваа цел е креатинот. Но користењето на оваа супстанца не е забрането - таа се наоѓа во месото. Консумирањето на креатинот ја зголемува способноста на организмот да ослободува енергија преку аденозинтрифосфат (молекула одговорна за пренос на енергија во телото). При анализите понекогаш се забележува дека спортистите консумираат хормон за растење за да ја зголемат мускулната маса, но за сега нема цврст доказ дека овој хормон има некаво директно влијание врз резултатите. Оваа супстанца може да предизвика дијабетис доколку се консумира подолго време.

Што би требало да се стори?

Cowan би сакал да ги види сите спортисти со сопствен пасош - систем за нивно следење. Доколку нормалните нивоа на супстанците во организмот се нарушени, тоа би можело да заначи дека спортистот користел допинг. Cowan се надева дека на олимписките игри во Лондон во 2012 ваков систем ќе може да се стави во функција.

 Статии

најчитани
Минерали од Македонија на компакт диск (4949 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4943 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4936 посети)
Приказна за сапунот (4892 посети)
Љубов или хемија? (4878 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4836 посети)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net