Google-Chmoogle: или како големите риби ги јадат малите |
|||||||||||||||
![]() |
Новиот хемиски интернет пребарувач неодамна беше приморан да го смени своето име од Chmoogle во eMolecules, како резултат на притисокот извршен од страна на интернет пребарувачот Google.
„Не станува збор за тоа кој е во право, а кој не, туку за тоа кој има подлабок џеб,“ вели директорот на eMolecules и еден од основачита не фирмата Klaus Gubernator. „Иако сме цврсто убедени дека имаме легитимен заштитен знак и дека судскиот процес би завршил во наша корист, не би сакале да го трошиме нашето скапоцено време и ресурси во правни битки.“ eMolecules го лансираа интернет пребарувачот Chmoogle во ноември 2005 г. со цел „да ги открива и индексира сите јавно достапни хемиски информации во светот и да го направи полесно достапни за јавноста“. Најважната карактеристика на овој интернет пребарувач е што овозможува пребарување со користење на хемиски структури. Потребно е само да ја нацртате вашата структура користеќи го омилениот ви програм за таа намена и информациите ви се достапни. Но, eMolecules мораше да се откаже од својот заштитен знал „Chmoogle“ како резултат на реакцијата на големиот Google во која се бара да се престане со користењето на називот Chmoogle. Google наведува дека заедно со дизајнот на интернет страницата името „Chmoogle“ може да ги наведе корисниците на помислата дека двата интернет пребарувачи се поврзани.
eMolecules смета дека двата пребарувачи се потполно различни, а разликите се во функционалноста, целната група и проблематиката која ја третира. И покрај ова, на 22 мај 2006 Google испратил писмо во кое се експлицитно се бара промена на дизајнот на странцитата и нејзиниот назив во eMolecules за да се избегне конфузија кај корисниците. Очигледно дека Google во Chmoogle наоѓа препрека на својот пат во организирањето на светските online информациите и обезбедувањето на пристап до нив! eMolecules, сепак, не остануваат индиферентни во однос на притисоците од Google. „Ако Google сака да почне да се занимава со хеминформатика, нека повели. За таа битка веќе сме спремни,“ вели Craig James соосновач на eMolecules и главен за технолошки развој. |
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net