Прочистување на дизел моторите со уреа |
||||||||||||||
![]() |
ЕУ бара емисијата на азотните оксиди да биде редуцирана за 30% кај камионите и за 50% кај дизел автомобилите. До 2008 година и во ЕУ и во САД регулативите се очекува да бидат многу построги.
Емисијата на азотните оксиди од тешките камиони претставува 40% од вкупната емисија на овој полутант во сообраќајот и претставува голем проблем за животната средина. Каталитичките конвертори ги прочистуваат издувните гасови од бензинските мотори во голема мерка, но дизел моторите претставуваа голем проблем. Но не повеќе! Истражувачите од Lund University се обиделе проблемот да го решат со уреа - краен производ на метаболизмот на протеините кој претставува дел од урината. Научниците демонстрирале како инјектирањето на оваа супстанца во системот за издувни гасови, при поминувањето низ каталитичкиот конвертор, ја иницира реакција на прочистување на гасовите. Ingemar Odenbrand од Lund University вели: „Уреата се претвора во амонијак, а ова ги редуцира азотните оксиди под ниво кое може да се смета за штетно, но исто така ги редуцира и содржините на други штетни супстанци кои се наоѓаат во ниски концентрации во горивото, како што се цврсти честички, саѓи, јаглен и јаглеводороди“
Изведувајќи ги екепериментите во реални услови истражувачите се обидуваат со промена на температурата, протокот и други параметри кои влијаат на овие процеси да се обидат да ги намалат количествата на азотните оксиди за 94% од сегашните. До 2008 година се очекува ЕУ да го намали издвоеното количество на азотни оксиди на 2 g/kWh од постојните 3,5 g/kWh. |
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net