Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Хемометрија или хемометрика?

Хемометрика (Chemometrics)

Логото на ICS

Следниов цитат е преземен од Wikipedia, енциклопедија која бесплатно достапна на интернет:

„Хемометријата претставува примена на математички и статистички методи врз хемиски податоци. Меѓународното хемометриско друштво (International Chemometrics Society - ICS) ја дава следната дефиниција:

Хемометријата е наука поврзана со мерењата направени врз хемиски систем или процес во врска со состојбата на системот со примена на математички или статистички методи.

Хемометриските истражувања опфаќаат широк опсег на различни методи кои може да бидат применети во хемијата. Постојат техники за добро изведување на собирањето на податоците (оптимизација на експерименталните параметри, дизајн на експериментите, калибрација, обработка на сигнали) и за извлекување на информации од собраните податоци (статистика, препознавање облици, моделирање, изнаоѓање на структура-својства релации). Хемометријата претставува мост помеѓу методите и нивната примена во хемијата.“

Аналитичка хемија - авторитативен глас на аналитичката заедница

Аналитичката хемија претставува едно од главните полиња на примена на хемометријата. Врвното списание од оваа област Analytical Chemistry на секои две години печати прегледна статија за новите достигнувања во оваа област. Последната е објавена во 2004:
Barry Lavine and Jerome J. Workman, Jr. Chemometrics, Analytical Chemistry, 76 (2004) 3365-3372.

Првата од оваа серија прегледни статии (напишана од славниот Bruce R. Kowalski - еден од татковците на хемометријата) е публикувана во 1980 година. Ова претставува доказ дека хемометриската методологија ги има своите корени во аналитичката хемија.

Творец на термнот хемометрија (chemometrics) е шветскиот хемометричар Svante Wold кој тоа го сторил во 1971 година при пишување на својот прв предлог проект на оваа тема. Во 1974 година на 10-ти јуни, на иницијатива на Bruce R. Kowalski и Svante Wold во Сиетл (САД) е формирано International Chemometrics Society - Hemija.net

Хемометрија (Chemometry)

Англискиот термин за хемометрија е chemometrics. Тоа би одговарало на македонскиот термин хемометрика. Неодамна е направено испитување во кое убаво е илустриранa доминантноста на поимот хемометрика во меѓународната комуникација со бројот на добиени резултати на Google за поимите "chemometrics" и "chemometry" користени како клучни зборови. Интересно е да се споредат и добиените резултати за пребарувањата направени за науките со кои хемометријата има допирни точки.

 
Поим -metrics -metry Однос
bio- 18.200.000 1.320.000 14
chemo- 620.000 11.900 52
econo- 10.300.000 10.800 954
psycho- 965.000 286.000 3.4
socio- 44.500 165.000 0.3

Тешко е да се разбере доминацијата на поимот chemometrics во меѓународната комуникација, посебно ако се има предвид дека преводот на овој поим на голем број јазици соодветствува на chemometry. Подолу е дадена листа на преводот на овој термин на повеќе европски јазици:

Chemiometria грчки () и италијански ()
Chemometria полски ()
Chemometrie чешки (), холандски (), германски () и словачки ()
Chimiométrie француски () и романски ()
Hemometria бугарски ()
Hemometrija македонски ()
Kemomeetria естонски ()
Kemometri дански () и шветски ()
Kemometria албански (), фински () и унгарски ()
Kemometrijo словенечки (Slovenia.png)
Khemometrika руски ()
Kjemometri норвешки ()
Quimiometria каталонски () и португалски ()
Quimiometría шпански ()

Од табелата може да се види дека само рускиот превод за терминот со кој се означува оваа дисциплина одговара на chemometrics (хемометрика).
Ова веројатно значи дека именувањето на оваа област би требало да се помести во корист на поимот chemometry.

Напомена

Статијата е преземена од http://www.chemometry.com/Index/Chemometrics.html со дозвола на авторот Klaas Faber од Chemometry Consultancy. Инаку еден од најпознатите светски хемометричари.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Mineralogy Software (6115 посети)
Polskie towarzystwo chemiczne (6114 посети)
Mathematical Crystallography (6114 посети)
Indian Institut of Technology, Department of Chemistry (6110 посети)
OPEN J-Gate - World's biggest Open Access English Language Journals Portal (6110 посети)
Air Quality Archive (6108 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net