Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Нано изненадување

НаночестичкиИзненадувачкиот механизам според кој наночестичките се формираат во полимерите би можел да им обезбеди на истражувачите нова алатка за контрола на растењето на овие материјали.

Со оглед на тоа што својствата на наночестичките во голема мерка зависат од големината, распределбата на големинат и морфологијата, техниките за контрола на нивната големина се секогаш од голем интерес за истражувачите на полето на нови материјали.

Rina Tannenbaum

Rina Tannenbaum

Истражувачите од Georgia Institute of Technology и Drexel University велат дека растењето на наночестичките во внатрешноста на полимерот е вообичаена техника за контрола на големината на материјалот. Откако честичките ќе бидат формирани, полимерната матрица се отстранува едноставно со топење. На ваков начин се добиваат наночестички со различна големина и за различна намена.

Rina Tannenbaum и нејзините соработници извршиле серија експерименти и откриле дека постои доста изразена зависност помеѓу реактивноста на полимерот и големината на наночестичките. „Работевме на испитување на реактивноста на полимерната матрица и на тоа како таа влијае врз димензиите на честичките“, вели Tannenbaum, „Откривме дека клучниот параметар кој влијае врз големината е типот на интеракции кои постојат во полимерот. Молекулската маса на полимерот, како и температурата при која е изведена синтезата немаат скоро никакво влијание“.

поли(метил метакрилат) полистирен

поли(метил метакрилат) полисулфон

Истражувачите подготвиле наночестички од железо оксид во различни полимерни филмови вклучувајќи полистирен, поли(метил метакрилат), бисфенол поликарбонат, поли(винилдиен ди-флуорид) и полисулфон. Добиените наночестички ги испитувале со трансмисиона електронска спектроскопија.

„Овие полимери поседуваат различни функционални групи и се разликуваат според јачината и природата на нивните интеркации со честичките на железо оксидот. Откривме дека големината на наночестичките се намалува со зголемување на јачината на интеракциите помеѓу полимерот и честичките на железо оксидот.“

Tannenbaum и соработниците нашле начин на кој може теориски да се предвиди големината на честичките на како функција од реактовноста на полемерот. Ова сознание ќе им помогне на другите научници да ја регулираат големината на наночестичките со користење на оваа постапка. Тие се надеваат дека нивните резултатит може да се применат и при добивањето и на други типови наноматеријали.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4776 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4720 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4699 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4699 посети)
Љубов или хемија? (4697 посети)
Приказна за сапунот (4689 посети)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Gallery of Quantum Chemistry and Electronic Structure Studies (5803 посети)
ChemExper (5773 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5768 посети)
SMILE program chemistry index (5765 посети)
Academic Earth (5764 посети)
Hemija.net (5761 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net