Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Класификација на јагоди со гасна хроматографија

Група француски научници користејќи ги резултатите добиени со цврстофазна микроекстракција и со гасна хроматографија се обиделе да развијат метода за класификација на седумнаесет различни типови јагоди.

Првите јагоди во Европа се донесени од Чиле во 1715 година и од тоагаш по до денес одгледувачите на јагоди развиле стотина различни видови кои се разликуваат според вкусот, мирисот, големината и изгледот. Да се направи разлика меѓу сите овие видови не е лесна работа. Всушност за тоа е потребен експерт со добро познавање на проблематиката. Покрај фактот што научниците имаат откриено над 350 супстанци до денес не е најден начин да се класификуваат јагодитe според содржината на овие супстанци. Ова не важи повеќе! Michel Montury од University of Bordeaux се обидел да му пристапи на проблемот од хемометриска гледна точка - со користење на самоорганизирани мапи (СОМ). Овој алгоритам е развиен од професорот Teuvo Kohonen во почетокот на осумдесетите години од минатиор век. Алгоритамот овозможува лесно пресликување на повеќедимензионални податоци на дводимензионална површина при што податоците се групираат според меѓусебната сличност.

Во првата студија на оваа група објавена во 2002 била користена цврстофазна микроекстракција и гасна хроматографија со масен спектрометар (ГХМС) како детектор за да ја анализираат аромата на 17 видови јагоди. На ваков начин била определувана концентрацијата на 23 супстанци, за кои во претходни испитувања било утврдено дека се најбитни за определување на аромата на јагодите. Податоците за концентрациите на овие супстанци биле користени за оптимизирање на перформансите на СОМ.

Наодите покажале дека СОМ со 24 неврони е доволна за да може да ги разликува 17-те видови јагоди. Откако СОМ ќе биде истренирана таа може да се користи за проверка на припадноста на други проби кон еден од видовите јагоди.

Покрај успешноста во класификацијата која се постигнува на ваков начин, истражувачите во намера својот модел да го направат поробусен се обиделе во моделот да вклучат и други фактори. За да успеат во моделот да ги вклучат варијациите на концентрациите на анализираните супстанци во различни години (значи да се вклучат во моделот и фактори како временските услови во кои јагодите се одгледувани) тие анализирале проби од јагоди собрани во периодот од 2000 до 2002 година. На ваков начин добиле СОМ која може да ги разликува типовите на јагоди без при тоа да е битно при какви временски услови се растени.

Дел од резултатите кои овие научници ги публикувале покажуваат и дека, со една ваква анализа, може да се откријат и варијациите кои кај различни типови јагоди се присутни од година во година.

Со самоорганизираните мапи може да се процени и важноста на различните фактори врз промените на составот на анализираните супстанци во јагодите. Како на пример, дали јагодите биле замерзнати или не.

Последните истражувања на Montury и соработниците се однесуваат на одбирање на само дел од анализираните супстанци од различните типови јагоди кои се карактеристични за различните видови.

Корисни линкови

 Статии

најчитани
Течна DNA (5819 посети)
Дали е ова молекула? (5818 посети)
Големиот град со многуте светилки (или двата града на убавиот син Дунав) (5817 посети)
Пристигнуваат сончевите батерии (5816 посети)
Будењето на ксенонот (5813 посети)
Иднината е во квантните компјутери (5813 посети)

 Хумор

најчитан
Нова органска номенклатура (5823 посети)
За стакларијата во лабораторија (5818 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (5814 посети)
Студентски легенди (5809 посети)
Администрариум (5808 посети)
Основни правила за работа во лабораторија (5807 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net