Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Побезбедни поливинил хлоридни материјали

Hiroyuki Nakazawa

Ултравиолетовото зрачење може да го редуцира истекувањето на фталати од уредите кои се користат во медицината, а се направени од поливинил хлорид (ПВЦ), според истражувањата направени од група јапонски научници. Научниците во својата работа користеле Фурие-трансформна инфрацрвена спектроскопија (ФТИР) и електронска спектроскопија (ЕС) за да го тестираат својот пристап во подобрувањето на квалитетот на ПВЦ материјалите со користење на ултравиолетова светлина.

Фталатите се естри кои вообичаено се користат како индустриски пластификатори. На пример, ПВЦ се пластифицира со употреба на ди-2-етилхексил фталат (ДЕХФ), а тоа допринесува да се подобри текстурата и флексибилноста на материјалот. Медицинските ПВЦ производи содржат до 40% ДЕХФ кој не е хемиски врзан за ПВЦ и затоа може да истече во уредот во кој се користи. Проблемот со ваквото истекување не е само во потенцијалните проблеми со правилното функционирање на уредите, туку и во тоа што многу фталати се токсични и може да ги намалат репродуктивните и способности на луѓето, но и да го попречат правилниот развој на ембрионот.

Hiroyuki Nakazawa од Hoshi University и неговите соработници од National Institute of Health Sciences, Terumo Corporation во Tokyo, и Nihon Pharmaceutical University сметаат дека од нив предложениот пристап во обработката на ПВЦ значително може да го намали истекувањето на ДЕХФ.

ди-2-етилхексил фталат (ДЕХФ)

Нивната постапка се темели на озрачување на материјалот со ултравиолетова светлина. На ваков начин било забележано за 50% помало истекување на ДЕХФ од ПВЦ материјалите.

Добиените резултати со ФТИР покажуваат дека апсорпционите ленти на ПВЦ материјалите озрачени со ултравиолетова светлина се прошируваат со текот на времето, додека пак, анализите изведени со ЕС покажуваат намалување на количеството на хлор и зголемување на количеството на кислород во материјалот. Со ова се покажува дека површината на оздрачениот материјал се променила и дека на тоа се должи намалувањето на истекувањето на ДЕХФ.

Индустријата за производство на медицински уреди се надева дека ќе пронајде алтернатива за ДЕХФ како пластификатор на ПВЦ со оглед на константниот притисок од движењата за заштита на животната средина кои бараат да се најде алтернатива на самиот ПВЦ материјал. Но, ПВЦ претставува полимер со извонредни карактеристили, па затоа хемичарите работат на изнаоѓање на подобри пластификатори кои би можело да се користат за производство на материјали кои би де користеле во медицината. Тимот на Nakazawa смета дека нивниот едноставен пристап би можел да претставува алтернатива за периодот додека се пронајде подобар плстификатор од ДЕХФ.

 Статии

најчитани
Минерали од Македонија на компакт диск (4949 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4943 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4936 посети)
Приказна за сапунот (4892 посети)
Љубов или хемија? (4878 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4836 посети)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4818 посети)
Карикатури (4792 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4771 посети)
Словенската и хемиската писменост (4770 посети)
Станувајќи алкохол (4766 посети)
Бисери на мудроста (4746 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net