Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Науката во Америка стагнира?!

Во последниве две децении Соединетите Американски Држави се соочуваат со постојано опаѓање на уделот во вкупниот број на објавени научни резултати. За разлика од нив уделите на публикациите од земјите на Европската Унија и Далечниот исток се зголемува, покажуваат последните студии презентирани од Science Watch.

Студијата публикувана од Science Watch е изведена врз основа на анализа на 8700 престижни списанија со висок фактор на влијание (Impact Factor), кои се архивираат во базата на податоцит National Science Indicators®.

Во средината на деведесетите години од минатиот век уделот на САД во вкупниот број публикувани статии опаѓаше како последица на порастот во Европската Унија. Денес, уделот на ЕУ е за скоро пет проценти повискок од оној на САД. Земјите од Далечниот исток бележат најдраматичен пораст на бројот на публикувани резултати, за речиси 12 %. Со ова темпо до 2011 година се очекува да ги надминат САД.

Релативен удел во бројот на публикувани научни статии во 2004 година од земјите на Далечниот исток, ЕУ и САД
Релативен удел во бројот на публикувани научни статии во 1981 година од земјите на Далечниот исток, ЕУ и САД

Во 1981 година кога Thomson Scientific (издавачот на Science Watch) започна да изведува библиометриски анализи САД поседуваа 39,7 % од колачот на вкупно публикувани резултати во светот (172,132 статии); од Европската Унија доаѓале вкупно 32,3 проценти (139,954 статии) од новите резултати; а од Далечниот исток 13 % (или 56,644 статии). Во 2004 година 38 проценти (292.067) од вкупниот број публикувани статии потекнуваат од научници од ЕУ, уделот на САД иснесува 33,3 % (256.374), додека пак, уделот на земјите од Далечниот исток изнесува 25,3 проценти (195.001) од вкупниот број публикувани резултати.

Доколку се погледнат бројките повнимателно научниците од земјите на ЕУ и Далечниот исток публикуваат повеќе резултати во областите како што се: земјоделство, хемија, инженерство, наука за материјали и физика.

Американскиот National Science Board во 2004 предупреди за заканувачкиот кусок на научници во САД кој е последица на меѓународната конкуренција, како и промените во начинот на размислување кај американците по нападите на 11-ти сепрември. „Важно е да се спомне и тоа дека иако бројот на публикувани резултати од различни земји флуктуира, вкупниот број на публикувани статии во секој од регионите расте“, вели Henry Small, од Thomson Scientific кој раководел со направените изтражувања. „Имајќи го предвид ова не може да се каже дека овој тренд се должи на кусокот од научници во САД.“ „Флуктуациите во уделор може да се припишат на неколку фактори - но компликувано е“ вели Small. „Глобализацијата, како и порастот на меѓународната соработка играат улога - посебно на Далечниот исток, каде процентуалниот пораст е најзначаен.“

Иако уделот на САД во вкупниот број на публикувани научни резултати на светско ниво, тоа не значи дека помалку се работи на полето на науката. Всушнот, велат резултатите од ова истражување, во САД се публикува за скоро 50 % повеќе во споредба со 1981 година - прва година за која се собирани бибилиометриски податоци. Истовремено, бројот на публикувани научни статии во светот пораснал за 56 %, што е скоро исто колку и во САД во последниве 20 години.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4850 посети)
Карикатури (4815 посети)
Словенската и хемиската писменост (4802 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4800 посети)
Станувајќи алкохол (4794 посети)
Бисери на мудроста (4780 посети)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net