Пристигнуваат сончевите батерии |
||||||||||||
![]() |
Долго време научниците сонуваат за можноста за користење на водата како гориво. Во принцип водата може да се разложи на нејзините конституенти (водород и кислород). Добиениот водород, потоа, може да согори, а при тоа се ослободува топлина или, пак, да согори во т.н. горивна ќелија во присуство на кислород при што се добива електрична енергија. Во обата случаи продуктот на реакцијата е вода, а не јаглеродни, азотни и сулфурни оксиди-полутанти кои се ослободуваат при согорување на фосилните горива. Според ова водородот би бил идеално еколошко гориво за 'придвижување' на модерната цивилизација. Некој компании за производство на автомобили, вклучувајќи го овде и Daimler-Benz, веќе имаат изработено прототипи на возила кои работат на водород. Прекрасно, но постои и проблем. Водородот не е бесплатен. За да се добие водород од вода потребно е да се употреби енергија. Што би значело дека за да се добие водород како гориво потребно е да се вложи барем онолку енергија колку што би се добило со неговото согорување, а тоа, пак, значи дека вкупниот ефект е нула. И не само тоа, туку и цената на водородот е повисока во однос на фосилните горива, па така за иста цена може да добиете десет пати повеќе енергија ако користите природен гас или, пак, три пати повеќе ако користите бензин. Идеално решение би било кога изворот со кој би се добивал водородот би бил бесплатен. Да се потсетиме, изворот на енергија на кој се должи, помеѓу другото, и животот на планетава Земја е бесплатен-Сонцето. Значи едниот дел од решението е познат. Сега задачата на научниците е да најдат начин како фотокаталитички водата да се разложи на составните компоненти. Всушност неколку видови на фотокаталитички разложувања на водата се веќе познати. Катализаторите претставуваат типични комплексни супстанци на метали како титан, ниобиум или тантал и сите се способни да ја разложуваат водата во присуство на светлина. Новиот материјал за кој Masato Machida со соработниците од Универзитетот Mityazaki во Јапонија говори во списанието Chemical Communications (29 септември, 1999) припаѓа во истата категорија и претставува смеса од соединенија на рубидиум, неодиум, тантал и кислород, но има две предности. Прво, во споредба со други фотокатализатори на овој катализатор не му е потребно присуство на метал (како на пример платина) во траги за да ја изврши „својата работа“. Второ, иако не е единствениот материјал со кој може да се фотокаталитички да се разложува водата тој, сепак, за сега претставува најпогоден материјал конструкција на т.н. сончеви батерии. |
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net