|
|
Статии објавени во текот на 2007 година- Антропоцен - планетета Земјата под доминантно човеково влијание - Група геолози неодамна предложи формално да се одбележи нова геолошка епоха - Антропоцен. Се смета дека оваа епоха е започната пред околу 200 години. Овој чекор е соодветен, сметаат авторите, зашто во изминатите два века човековите актовности се главниот двигател на промените во топографијата на Земјата и на нејзината клима. (5673 посети).
- Микрохемиски фабрики - Во средината на деведесетите се веруваше дека микрохемијата ќе ја револуционеризира хемиската индустрија, но хемиската индустрија не реагираше како што во почетокот се очекуваше. Поради тоа немаше многу придвижувања во оваа област... до неодамна. (5663 посети).
- Кој е кој на Институтот за хемија при ПМФ - Во пресрет на новата академска 2007/08 година, на сите студенти на студиите по хемија и биохемија на Природно-математички факултет во Скопје, Hemija.net има намера поодблизу да ja претстави научната активност на најдобрите од вработените на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје. (5724 посети).
- Протеини со лошо решени кристални структури - Една детална студија направена врз 14.518 кристални структури преземени од Protein Data Bank покажала изненадувачки резултати - списанијата со висок фактор на влијание (англ. термин: impact factor) почесто публикуваат структури со повеќе грешки во споредба со останатите научни списанија. Истражувањето покажува дека најпогодени се списанијата: Cell, Science, Molecular Cell и Nature. (5675 посети).
- Повеќе антиоксиданси во виното - Озонот би можел да се користи како средство за дезинфекција во текот на производство-то на вино. Озонот има 90% од ефикасноста на сулфур диоксидот, но за разлика од сулфир диоксидот третманот на грозјето со озон овозможува формирање на до четири пати повеќе антиоксиданси во споредба со класично третираното грозје. (5668 посети).
- Европа ја поддржува соработката за византиското наследство - Најновиот инструмент кој со помош од Европската Унија ќе биде набавен на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје, ќе овозможи недеструктивни испитувања на археолошки предмети и ќе ја унапредат соработката во целиот регион, што, според процената на европските оценувачи, е и нивен интерес. (5680 посети).
- Силата е во бројноста - Повеќе-валентните интеракции со помал афинитет може да бидат поефикасни во уништувањето на клетките на ракот во споредба со интеракциите со висок афинитет вели професорката по биохемија од Laura L. Kiessling од University of Wisconsin, Madison, САД. (5657 посети).
- Како да се фати на дело атлет кој користи инсулин како допинг? - Се верува дека се поголем број на спортисти нелегално користат инсулин за да ги подобрат своите перформанси, но за жал контролата на злоупотребата на инсулинот останува неказната. Неодаман од страна на германски и белгиски научнци направен е тест со кој може да се докаже недозволеното коирстење на инсулин. (5677 посети).
- Возилата кои корстат етанол се штетни за здравјето - Поддржувачите за користење на етанол како погонско гориво велат дека тоа е чист извор на енергија кој не е штетен за животната средина. Но, една студија направена на Stanford University вели дека доколку сите возила во САД користат етанол, бројот на респираторни болести, како и смртта предизвикана од нив ќе се зголеми. (5651 посети).
- Откривање на тајните од минатото - Хартијата претставува еден од најстарите и највообичаени медиуми за зачувување на информации. громни количества информации за културата и за развојот на човековата цивилизација се сочувани на хатрија. Затоа научниците од Протугалија успеале да развијат недеструктивна аналитичка техника со која може да се идентификуваат потеклото и староста на книги и други докумнети. (5680 посети).
|
|
|