|
|
Статии објавени во текот на 2006 година- Компјутерите учат хемија - Започнувајќи од февруари 2007, статиите објавувани во списанијата на RSC ќе бидат правени на начин на кој ќе биде лесно да бидат прочитани, индексирани и пребарувани од компјутерите. Целта на овој проекр, прв од ваков вид, е да се создаде хемиска верзија на она што се нарекува „семантичка мрежа“: каде компјутерите ќе бидат во можност да го разберат значењето (семантиката) на информациите, а не само да едноставно да пребаруваат податоци. (5636 посети).
- Нанокопии - Скенирачките техники често се претставуваат како моќни алатки во изградбата на наноструктури, но имаат ограинчени можности во повторувањето на тие облици. Ова ограничување би можело наскоро да стане минато, барем така велат научниците од Northwestern University. (5632 посети).
- Мирисот на железото - Од каде потекнува чудниот метален мирис кој го чувствуваме кога ќе допреме некој
железен предмет, како на пример огради, алатки или, пак, монети? Мирисот на
железо кој се добива при ова е всушност еден вид на мирис кој потекнува од нашето тело, а не од железото, вели states Dietmar Glindemann. Чувството дека ние го мирисаме металот, е всушност илузија, вели тој! (5648 посети).
- Изотопите помагаат во идентификација на вештачкиот тестостерон - Во изминатиот период, велосипе-дистот Floyd Landis и спринтерот Justin Gatlin не успејаа да го поминат допинг тестот - и тоа не затоа што земале некое ново софистицирано допинг средство, туку затоа што нивото на старомодниот хормон тестостарон било високо во нивниот организам. Доколку ве интересира како биле откриени овие двајца врвни спортисти, кои не успеале да го издржат притисокот, биле откриени одберете го горниот линк. (5636 посети).
- Google-Chmoogle: или како големите риби ги јадат малите - Новиот хемиски интернет пребару-вач Chmoogle, чија задача е да ги открива и индексира сите јавно достапни хемиски информации во светот и да ги направи полесно достапни за јавноста, неодамна беше приморан да го смени своето име од Chmoogle во eMolecules, како резултат на притисокот извршен од страна на интернет пребарувачот Google. (5636 посети).
- Прочистување на дизел моторите со уреа - Уреата би можела да претставува клучен елемент за прочистување на издувните гасови во Европската Унија со оглед на новите регулативи кои пред некој месец стапија на сила.
ЕУ бара емисијата на азотните оксиди да биде редуцирана за 30% кај камионите и за 50% кај дизел автомобилите. До 2008 година и во ЕУ и во САД регулативите се очекува да бидат многу построги.
(5671 посети).
- Хемометрија или хемометрика? - Англискиот термин за хемометрија е chemometrics. Тоа би одговарало на македонскиот термин хемометрика. Неодамна е направено испитување во кое убаво е илустрирано со бројот на добиени резултати на Google за поимите "chemometrics" и "chemometry" користени како клучни зборови. Интересно е да се споредат и добиените резултати за пребарувањата направени за науките со кои хемометријата има допирни точки. (5662 посети).
|
|
|