|
|
Статии објавени во текот на 2003 година- Смеењето е како дрога - Изгледа, сепак, имало вистина во изреката „смеењето е како дрога“. Истражувањата велат дека читањето на смешни стрипови или слушањето вицеви го активира истиот центар во мозокот како и кокаинот. (5642 посети).
- Уште една причина за чаша добро вино - Научниците од САД нашле уште една изрека за да нè убедат во корисноста од консумација на една до две чаши црвено вино. Причината за тоа е присуството на уште една група супстанци - сапонини кои се смета дека го намалуваат нивото на холестеролот. (5635 посети).
- Флогистонска теорија - Во мугрите од разво-јот на хемијата како наука се сметало дека согорувањето претставува најважна хемиска реакција и дека тоа се должи на ослободување на супстанца која се нареку-ва флогистон. Интересно е да се види како оваа теорија еволуирала во текот на XVIII век како последица на бит-ката со новите квантитатив-ни сознанија на нејзините противници предводени од Antoine Lavoisier - таткото на модерната хемија. (5718 посети).
- Премерување на Авогадровата константа - Хемичарите може да бидат приморани да ја сменат вредноста на една фундаментална величина - Авогадровата константа - како последица на поточни мерења извршени со користење на кристал од чист силициум. (5646 посети).
- Baeyer-ова теорија на напон - Изучувањето на својствата на полиаце-тиленот како и неговата експлозив-ност го довело Baeyer до следната
дискусија која на пове?ето од нас ни е позната како Baeyer-ова теорија на напон. Ова што е пред вас претставува транскрипција на оригиналните резултати објавени во: Berichte der Deutschen Chemischen Gesellschaft, 2269-2281 (1885) (5662 посети).
- Процесни симулатори - Со развојот на биотехно-логијата и технологи-јата на специјални материјали, проблемот на моделира-њето на технолошките процеси станува се поголем предизвик. Се до седумде-сетите години од минатиот век напредокот во компјутерската поддршка во симулацијата на процесите не покажуваше некои спектакуларни резултати, но времињата се менуваат. (5643 посети).
- Минерали од Македонија на компакт диск - Македонија е релативно богата земја со минерали. Се процену-ва дека околу 200 видови како макроскопски минерали и уште околу 200 како микроскопски појави. Но доколку сакате да го видите барем дел од тоа богатство ?е морате да одите до некоја од познатите збирки на минерали во земјава. Но не пове?е! Природонаучниот музеј неодамна издаде компакт диск со наслов Минерали од Македнија во кој се наоѓаат околу 150 минерали од пове?е локации од Македонија. (5752 посети).
- Viagra и на неа слични лекарства - Кога Viarga-та беше претставе-на во 1998 година преку но? прерасна во добро познат збор. Од тогаш, ефектите кои ги има на ерективната дисфункција ја направи едно од најупотребуваните лекарства. Машката импотенција или машка ерективна дисфункција (МЕД) се појавува кај голем број мажи ширум светот. (5646 посети).
- Како носот препознава мириси? - Чулото за мирис е најмалку изучуваното од сите пет. Новите сознанија велат дека олфакторните реакции кон мириси вклучуваат промени во делови од структурата на протеините рецептори извлекувај?и и втурнувај?и нивни делови преку клеточната мембрана. Научниците велат дека металните јони имаат клучна улога во овој процес. (5661 посети).
- Екстраваганциите на водата - Постојат различни видови вода. Изворска, морска, минерална и комунална - води кои се општо познати. Некои од нив се лековити, а некои чудотворни. Како врв на чудотворноста се споменуваат извори на „машка“ вода. Во техниката се разликува технолошка, деминерализирана, дестилирана или декарбонизирана вода. Во нуклеарките се користи „тешка“ вода, во која водородот е заменет со неговиот потежок изотоп деутериумот. (5666 посети).
- Сочинет од вода и кварц, но исполнет со оган - Опалот е минерал за кој се врзани многу суеверија. Некои од суеверијата му препишуваат добри, а некои лоши карактеристики. Старите грци верувале дека опалот, на неговиот сопственик му овозможува да ја прорекува иднната. За римјаните опалот представувал симбол на надеж и духовна чистота. (5651 посети).
- Површини со реверзибилно променливи својства - Научниците од MIT опишуваат како нивните моно-молекулски слоеви можат, со примена на слаби електрични сили, да ја менуваат својата површина од хидрофилна во хидрофобна, а потоа со повторна промена на потенцијалот може да се вратат првобитните својства на површината. (5636 посети).
|
|
|