|
|
Врвни десет- Минерали од Македонија на компакт диск - Македонија е релативно богата земја со минерали. Се процену-ва дека околу 200 видови како макроскопски минерали и уште околу 200 како микроскопски појави. Но доколку сакате да го видите барем дел од тоа богатство ?е морате да одите до некоја од познатите збирки на минерали во земјава. Но не пове?е! Природонаучниот музеј неодамна издаде компакт диск со наслов Минерали од Македнија во кој се наоѓаат околу 150 минерали од пове?е локации од Македонија. (5951 посети).
- Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина - Научниците од Финска и од САД идентификувале нов начин на оксидација на сулфур диоксидот до сулфурна киселина во атмосферата. Овој тип на оксидација може да се одвива и во ноќните часови. Овој механизам може да помогне за подобро предвидување на улогата на аеросолите од сулфур диоксид врз климатските промени. (5873 посети).
- Престојат промени во релативните атомски маси на елементите - Релативната атомска маса на десет елементи ќе биде изразена во форма на интервали, наместо како досега со еден вредности, објави неодамна Меѓународната унија за чиста и применета хемија (IUPAC). (5871 посети).
- Рециклирање на јаглеродниот диоксид - Американската компанија Novomer развила нов начин за претворба на јаглеродниот диоксид во пластика. Novomer е една од шесте фирми кои добиваат вкупно 106 милиони долари од владата на САД која финансира истражувања за зафаќање и претворба на јаглерод диоксидот од атмосферата во корисни производи. (5841 посети).
- Тродимензионални графени - Научниците од Кина успеале да развијат брза и лесна процедура за добивање на 3D графен во вода, проширувајќи ги при тоа сознанијата графените со што нивната иднина како суперкондензатори, материјали за складирање на водород и како катализатори станува поизвесна. (5818 посети).
- Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар - Истражувачите во САД со хидрогенирање успеале да предизвикаат дефекти во структурата на титани диоксидните нанокристали и со тоа успеале да го зголемат количеството на сончева светлина кои го тие апсорбираат. Тие се надевале дека произведениот црн TiO2 ќе може да се користи за производство на евтин водород кои ќе се користи како гориво. (5816 посети).
- Историјата на хемијата на поштенски марки - Конечно вториот и последен дел од забележаната на поштенски марки историја на хемијата. (5812 посети).
- Љубов или хемија? - Немојта да мислите дека научниците немаат никакаво чувство за романтика и не веруваат во Аморовите стрели. Тие сметаат дека Аморовите стрели навистина делуваат и предизвикуваат романтично и убаво расположение ако нивните врвови се потопени во фенилетиламин. (5791 посети).
- Историјата на хемијата на поштенски марки - Прв дел (5790 посети).
- Невидливо мастило за 21 век - Научниците од Кина развиле нова техника за литографско печатење на карактери и знаци врз фотонска хартија. Оваа метода е од значење при развојот на нови постапки за заштита од фалсификување. (5784 посети).
|
|
|