Вклучете се во светската потрага по вонземски цивилизации

Филмовите како "Контакт", "Ѕвездени патеки", "Војна на ѕвездите" и многу други почиваат на една заедничка идеа. Во сите нив станува збор за вонземски цивилизации и нивниот однос кон луѓето. На филмското платно, некои од вонземјаните се повеќе, а други пак, помалку пријателски расположени, но најинтересно е тоа што најголемиот дел од нив според изгледот се зачудувачки слични на нашиот вид. Многумина од нас, барем еднаш во животот, помислиле на можната средба со вонземјаните. Но дали некогаш сте помислиле да почнете потрага по вонземјани, и дали сте помислиле дека тоа може да започнете да го правите на вашиот домашен компјутер?! Овој напис е во врска со проектот раководен од научниците на Универзитетот Беркли, во Калифорнија, САД, за потрага по вонземски цивилизации. Проектот се вика SETI (od Search for Extra-terrestrial Intelligence). Повеќе за веројатноста на наоѓање вонземски цивилизации

Во почетокот на 1999 година низ Интернет почна да се шири вестта за проектот SETI@home (Search for Extraterrestrial Intelligence at Home). Многу сајтови, специјализирани компјутерски списанија и други видови на носители на информации се заинтересираа за проектот кој се темели на добрата волја на читателите, сурферите и други ентузијасти. Покрај тоа што добрата вест ја зголемува посетеноста на сајтовите, дискусионите групи и влијае на зголемување на читаноста на списанијата идеата на основачите на проектот е да се заинтересира Интернет популацијата за SETI. 

Станува збор за проект од глобални размери кој е тесно поврзан со претходно започнатиот проект со иста цел SENERDIP IV. Основната идеја на проектот е да се искористи процесорската моќ на многубројните компјутери ширум светот во слободното време - кога корисникот не работи на компјутерот. Оваа идеа се нарекува распределено процесирање и не се користи само во споменатиот проект SETI@hoме. Помислете сега како огромни количини податоци (поточно: околу 260 GB/неделно * 2 години) кои се поделени на мали сегменти и секој од нив се обработува на некој домашен компјутер, мал училишен сервер, во некоја поголема фирма, и тоа во зависност од бројот на достапни компјутери и волонтери кои му се ставаат на располагање на проектот. Секако, комуникацијата се врши преку Интернет. Податоците за обработка се добиваат преку Интернет, резултатите на ист начин му се враќаат на матичниот сервер, а од нив се бара некаква целина, некаков облик на испратена информација. 

Принципот на работа се состои во следното: Арецибо - радио телескоп кој се наоѓа во Порто Рико (во сопственоста на САД), го пребарува за него видливиот дел од небото, и ги складира добиените податоци. Во текот на две години три пати ќе биде скениран делот од небото кој Арецибо го гледа. Податоците кои се бараат се во радиобрановиот дел од спектарот. Податоците кои се добиваат се премногу за да бидат обработени во рамките на претходно спомнатиот SENERDIP IV проект, па така SETI@home всушност доаѓа напомош. Податоците кој SETI@home проектот ги добива од Арецибо се 35 ГБ на ден, се испраќаат на Универзитетот Беркли, каде се делат на фрагменти од 360 КВ и понатаму се дистрибуираат преку Интернет до сите учесници во проектот. 

Програмот кој е наменет за корисникот може бесплатно да се симне од официјалната Интернет страница на проектот. Пакетите со податоци од 360 КВ доволни се за повеќедневна работа на просечен компјутер. После обработката податоците се испраќаат до серверот, се врши нивна брза контрола и се складираат. Корисничкиот клиент програм е развиен како сцреен савер. Поголемиот дел од апликативните програми се пишувани за да користат многу меморија и по малку од процесорската моќ, затоа дојдено е до идеа да се активира програмот во времето кога компјутерот не се користи како сцреен савер. Изгледот на сцреен савер-от е прикажан на сликата.

На web страницата на SETI@home ќе најдете и некои дополнителни програми и трикови со кои може да ја забрзате работата на вашиот клиет или, пак, да видите кој дел од небото во моментот се обработува на вашиот компјутер.

Хардверско-софтверски побарувања: Програмот зазема околу 1 MB простор на хард дискот. Згодно е вашиот компјутер да има повеќе од 32 МВ меморија. Просечното време на работа е 18-20 часа (на Pentium II, 300A MHz со 32 MB RAM). Побрзите процесори пресметките може да ги завршат и за околу 10 часа (СГИ - работни станици). Програмот може да работи потполно независно од корисникот, што е згодно доколку компјутерот е поврзан на локална мрежа (LAN) или, пак, да се поврзува на Интернет на барање на корисникот.

Организаторите на проектот SETI@home им излегуваат максимално во пресрет на корисниците. Напревено е се за да се придаде важност на секој учесник во проектот. Постои листа на која се дадени групи и поединци подредени според бројот на завршни пресметки. Групите се поделени во неколку категории: основни училишта, средни училишта, универзитети, мали, средни и големи фирми и групи кој може да ги дефинираат повеќе корисници (многу згодно за корисници кои имаат послаби компјутери кои својата статистика може да ја пријавуваат под заедничко име или псевдоним).

Државите исто така се наредени според бројот на завршени анализи во натпревар се околу 200 држави и територии со вкупно над 2 000 000 корисници кои на својот компјутер го имаат инсталирано SETI@home и на прво место е САД, со скоро еден милион корисници, потоа следи Германија, Канада, Обединетото кралство итн. Словенија се наоѓа на 31-во место со 2595 корисници и 224833 завршени анализи, Хрватска се наоѓа на 39-то место со 3714 корисници и 122741 завршени анализи, Југославија е на 59-то место (1516 корисници, 31270 завршени анализи). Кога веќе стигнавме до овде верувам дека ве интересира каде се наоѓа Македонија на оваа листа и колку корисници од Македонија учествуваат во проектот? Одговорот на вториот дел од прашањето е само 190. Инаку се наоѓаме (во моментот на пишување на овој текст) на 121 место, но она што е понепријатно следи. Пред нас на листата се наоѓаат државички од типот на Луксембург (39-то место), Сан Марино (70), Малта (82), Микронезија (95), Француска полинезија (107) и сл.

Причината за ова лежи во неинформираноста за овој проект кај нас. Во Хрватска, на пример, сцреен савер-от се дистрибуира заедно со компутерските магазини, се пишуваат статии во нив и на Интернет, постојат дискусиони групи за СЕТИ и сл. Авторот на овој текст верува дека многумина од вас веќе се заинтересирани, ако ништо друго барем да ја посетат официјалната страницата на СЕТИЖхоме. Иако според бројот на жители не сме многу големи, но секако дека имаме потенцијал за да престигнеме барем некој од претходно наброените државички. Верувам дека за некој од нив не сте помислиле ниту, пак, чуле уште од часот по географија каде професорката ви кажала по збор два за нив.

Инсталирањето на сцреен савер-от би било идеално за компјутери кој поголемото време додека се вклучени не се користат. Идеално за компјутери поврзани во локални мрежи, компјутери кој се наоѓаат во Интернет кафулиња додека компјутерот не е зафатен од муштерија, канцеларии, домашни компјутери и сл. Впрочем и самите знаете дека за компјутерот е подобро да работи постојано одошто да се вклучува и исклучува по неколку пати дневно, а додека е вклучен, пак, може тивко и неприметно да го бара одговорот не едно од прашањата кои си ги поставувавте едно време кога гледавте во отвореното ноќно ведро небо: Дали таму има живот? Ова е мал чекор, и ваша прва шанса во потрага по еден толку посакуван одговор... а замислете цел живот да останете без, барем обид, да го побарате.

Вашиот обид треба да започне ТУКА. Долните неколку линкови служат за полесно снаоѓање на официјалната страница.

  1. Download на screen saver-от  
  2. Ранг листа на поединци од Македонија 
  3. Ранг листа на извршени пресметки по држави  

За крај верувам дека ви се наметнуваат неколку прашања како на пример: 

  1. Што ако се открие ET сигнал?  
  2. Дали е потребно тој да биде потврдена од други SETI проекти?  

Ако сигнал биде откриен и не може да се протолкува како артефакт или сигнал со познато потекло (сателит на пример), ќе бидат известена сите надлежни организации. Програмот, исто така, се забележува и идентитетот на секој истражувач кој ќе биде назначен за помошник пронаоѓач (цо-дисцоверер). П година. За сите нас има шанси. Проектот трае до мај месец 2001 година.  

Проектот е започнат благодарејќи и на финансиската поддршка на The Planetary Society (50 000 USD), Paramount студијата (50 000 УСД), како и со донација на опрема од страна на Sun Microsystems. 

 Moonman  

P.S. Откако овој текст беше објавен во списанието PLUGIN, Македонија својот пласман на ранглистата на држави го подобри од 122 на 95 место.