Jens Christian Skou |
||||||||||||
![]() |
Професорот Jens Christian Skou dr. med. sci. и добитник на Нобеловата
награда е комплетен човек.
Во официјалната изјава на Кралската Шветска академија на науки меѓу другото се
вели: „ ...на Професор Jens C. Skou, Универзитет Aarhus, Данска за откривањето на
јон-транспортниот ензим, натриум- и калиум- стимулиран аденозин трифосфатаза
Jens Christian Skou е син на трговец со дрва од Западен Jutland, и како што велат поседува типични карактеристики за луѓе од тој дел на Данска: смисол за хумор и големо разбирање кон луѓето. Во многуте интервјуа кои следуваа после објавувањето на наградата тој безброј пати им повторуваше на новинарите „истражувањата не се прават за да се добијат награди“. Оваа изјава е во согласност со мотото кое, како што вели неговата сопруга, го води Skou низ животот: „Задоволството не се должи на резултатите кои се добиваат,туку на самата работа - таа е најважна.“
Во почетокот на шеесетите неговата сопруга станува политички активна. Во тој период Jens Christian Skou требало да се покаже и како добар татко и домаќин, со оглед на тоа што неговата сопруга била отсутна од дома по два три дена во неделата поради состаноци. Според зборовите на својата сопруга со добро организирање на времето тој успеал во голема мерка да помогне во одлгедувањето на нивните две ќерки. Jens Christian Skou се смета дека претставува основоположник на биоенергетиката. Всушност неговиот труд под наслов The Influence of Some Cations on an Adenosine Triphosphatase From Peripheral nerves (публикуван во Biochimica et Biophysica Acta во 1957 г. том 23, стр. 394-401) каде својствата на Na,K-активиран аденозин трифосфатаза (АТPаза) се објаснуваат е една од фундаменталните публикации во биоенергетиката.
Од тогаш наваму професор Jens Christian Skou својата работа ја посвети на изучувањето на овој ензим кој, како што денес е познато, ги контролира клучните фази во метаболизмот: електрична активност, транспорт на супстрати и метаболити, регулирање на циклусот на клетката. Skou ја создал и првата шема според која ензимот делува, како и својствата на фосфорилираните интермедијари. Тој го формулирал принципот на комформациона мобилност на Na,K-ATPазата и покажал дека АТР-индуцираните промени во енизмската активност во однос на натриум и калиум јони доведува до конформациони промени во молекулата на АТРаза-та која го овозможува физичкото преминување на јоните низ мембраната. Идејата за регулаторската улога на АТР, која не е само извор на енергија за ензимите туку и модулатор на нивната работа е дело на Skou. Работата на Skou денес е призната како основа врз која се темели разбирањето на механизмот за пренос на енергија во живите клетки. Na,K-ATPаза-та e единствен ензим за кого се организираат специјализирани конференции почнувајќи од 1974 година. Конференциите во голема мерка помогнале за побрз развој на биоенергетијата. Иако Skou никогаш формално не бил признат за водечки во оваа гранка, тој секогаш, кај своите колеги, претставувал центар на интелекгутлна привлечност. |
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net