Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer

Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer е роден на 31 октомври 1835 година во Берлин. Потекнува од фамилија позната по својата работа во областа на литературата и природните науки. Неговиот татко бил основоположник на Европскиот систем за геодетски мерења. Уште како дете Баер e заинтересиран за хемиските експерименти. На 12-годишна возраст пронаоѓа двојна сол на бакарот.

Студира на Универзитетите во Берлин и Heidelberg. Првите две години од студирањето на Универзитетот во Берлин (1853-1855) ги посветува воглавно на математиката и физиката. Во 1856 година во него повторно се буди љубовта кон хемијата и заминува да работи во лабораторијата на Bunsen на Универзитетот во Heidelberg, каде го испитува метил хлоридот. Неговиот прв труд е објавен во 1857 година. Следната година работи во приватната лабораторија на Kekulë во Heidelberg. Својата докторска работа ја работеи во лабораторијата на Kekulë. Докторира во Берлин во 1858 година. Баеровите први професионални хемиски истражувања вклучуваат добивање на барбитуратна киселина (C4H4N2O3) од малонска (CH2(COOH)2) и мочна киселина (C5H4N4O3). Во 1860 година избран е за универзитетски професор. Во истата година станува предавач по органска хемија на Берлинскиот Институт за технологија. Во 1866 година Универзитетот во Берлин по препорака на A.W.Hofmann, му доделува катедра.

Индиго

Најпозната Баерова работа е работата врз синтеза индигото, убава боја која, со векови, фармерите од Индија ја добивале од тропските растенија. Сината боја го фасцинира уште во неговата младост. Процесот на екстракција трае долго е доста скап. Со определување на приближната структурна формула на индигото, Баер успева индигото да го произведе синтетички. Скоро 20 години Баер продолжил да ја проучва структурата се додека во 1883 година не ја открил неговата точната хемиската формула.

Германската индустрија била заинтересирана за синтезата на индигото и се обидела Баеровата постапка да ја претвори во практичен процес. Баер одбива да им помогне на индустријалците и бил принуден да ја напушти својата работа на индигото. Подоцна го продава својот патент за синтеза на индиго на фабриката BASF.

Неговите студенти Graebe и Liebermann со дестилација со цинк во прав, метода која ја развил Баер ја објасниле структурата на ализаринот (1,2-диоксиантрахинон C14H8O4) и ја откриле индустриската синтеза. Во 1871 година Баер оди во Стразбур да работи како професор на новоотворениот универзитет. Баеровата теорија на асимилација на јаглероден диоксид во формалдехид припаѓа на овој период.

Лабораторијата на Баер во Минхен (зимски семестар: 1877 - 1878).
Баер - Прв ред, трет од лево, Емил Фишер - Прв ред, трет од десно.

По смртта на Justus von Liebig во 1873 година Баер е поставен за шеф на Катедрата на Универзитетот во Минхен. Таму тој гради прекрасна нова хемиска лабораторија. Со негово посредување почнале да се вршат целосни синтези на индигото, да се работи на ацетилен и полиацетилен. Од тука се развива и познатата Баерова теорија на деформација на јаглеродните прстени. Исто така се појавуваат и повеќе трудови за составот на бензенот. Во согласност со ова е откриена Baeyer-Villiger-овата оксидација на кетони. Посебен интерес предизвикала неговата работа на органските пероксиди, кислородни соединенија и врската меѓу составот и бојата. Во 1875 година поставен е за професор по органска хемија на Универзитетот во Минхен.

Работата на Adolf von Baeyer во истовремено е пионерска и сеопфатна. Со восхитувачка остроумност и натпросечни експериментални способности тој ги комбинира упорноста и младешката расположеност во работата. Баер внимава никогаш да не ја прецени вредноста на теоријата. Тој вели: “Јас никогаш не правам експеримент за да видам дали сум во право, туку за да видам како се однесуваат супстанциите”. Дури во поодминати години, тој продолжува да се занимава со научно-истражувачка работа и да допринесува за новите откритија во хемиската наука.

Adolf von Baeyer станал познат по тоа што отвора училиште во кое успева да едуцира 50 универзитетски професори. Во 1905 година добива Нобелова награда за придонесот во развојот на органската хемија и хемиската индустрија преку работата врз органските бои и ароматските соединенија. Освен со Нобелова награда Баер е награден и со медал на Кралското друштво. Во 1885 година кралот Лудвиг II од Баварија го промовира во член на племството.

Adolf von Baeyer се оженил со Adelheid Bendemann во 1868 година. Со неа има една ќерка, која подоцна му станала жена на хемичарот Oskar Piloty, и два сина, и двајцата предавачи на универзитет, Hans по медицина во Минхен и Otto по физика во Берлин.

Починал во неговата куќа на село во Stranberger на 20 август 1917 година.

Автори: Игор Кузмановски и Илинка Донова

 Нобеловци

Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Jens Christian Skou (1997)
Kary B. Mullis (1993)
Michael Smith (1993)
Vladimir Prelog (1976)
Harold Clayton Urey (1934)
Irving Langmuir (1932)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net