Wikipedia

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Michael Smith

(16.04.1932 - 4.10.2000)

    Кога би го запознале Michael Smith во еден обичен ден ќе го најдете облечен во стар изветвен џемпер и пантолони кои наликуваат на оние кои пред ce подаруваат во добротворни цели. Нобеловиот лауреат недозволил славата да му удри во глава или да се одрази на неговата гардероба. Можеби поради тоа што потекнува од работничка класа од северниот дел на Blackpool, Англија. Кратко време по соопштувањето за добивањето на Нобеловата награда во Октомври 1993 година (заедно со Kary B. Mullis), тој и рекол на својата секретарка Darlene Crowe, доколку забележи дека неговото однесување се менува поради целото тоа внимание, би сакал да му даде еден добар ќотек.

    Darlene го вика нејзиниот шеф „Мајк“. Таа се присетува само на една ситуација во која посакала да го натепа. Воглавно се однесувал вообичаено. Smith дури и не ги задржал половината милион долари кои му следеле за добивањето на Нобеловата награда. Половина од парите подарил на истражувачите кои работеле на генетиката на шизофренијата (насекаде присутна ментална болест) во чиј фонд поретко се донирале пари за истражување. Другата половина ја подарил на Science World BC и на Society for Canadian Women in Science and Technology. Како сето тоа да не било доволно великодушно од негова страна, Smith поканил 12 колеги да дојдат со него во Стокхолм, трошоците за сместувањето ги платил сам, за да бидат со него и да ја поделат славата на церемонијата на доделување на Нобеловата награда. Тој ги земал сите негови асистенти истражувачи, пријатели кои докторирале, и дипломирани студенти кои што придонеле за експериментот да доведе до награда.

    Тој си направил мало богатство во 1988 кога го продал својот дел во Zimogenetics Inc. - во Сиетл сместена биотехнолошка компанија во која станал партнер во 1981 година. Смитовите придобивки од Нобеловата награда биле искористени во генетскиот инжинеринг од страна на Zimogenetick за да развијат вид на квасец имплантиран на чоевчките гени од инсулин. Заедно со гигантот за производство на лекови Novo-Nordisk, тие патентираат подобар процес за производство на човечкиот инсулин користејќи го квасецот.

    Дури и тогаш Smith бил многу дарежлив со неговата заработка. Тој купил викендичка во Whistler, скијачко место блиску Ванкувер. Тој ја опремил, и при тоа изјавил дека им ја става на располагање на своите соработници, персонал, колеги, пријатели и деца. А како распоред се оставало лист хартија во лабораторијата на кој луѓето го оставале датумот во кои недели тие би сакале да ја користат викендичката за одмор.

    Smith не станал славен сосема случајно. Тој е многу вреден работник, некои велат дури и зависник од работата. Неговата канцеларија не е многу голема, скромно опремена со мебел. Има прекрасен поглед од прозорецот кој гледа на University of British Columbia (UBC) и на планинските гребени во далечините. Еден ѕид во неговата канцеларија е преполнет со полици на кои се поставени медалите, признанијата и плакатите од наградите кои тој ги освоил. Очигледно е многу горд на своето усовршување, но никогаш не се фалеи со нив.

    Меѓутоа работите за Smith не биле секогаш лесни. Кога за прв пат ги предложил своите големи пронајдоци за публицирање во Cell (Клетка), водечки академски журнал тој бил одбиен. Издавачите образложиле: „Не е од јавен интерес“, но тој никогаш не престанал да се труди, и пред се, тој секогаш бил подготвен да го смени правецот и да го направи она за кое неретко вели: „следи го својот истражувачки нос“.

    Оригиналната идеја за мутација се јавила кај Smith додека разговарал со еден Американски научник Clyde Hutchison на кафе пауза во една кафетерија во Cambridge, Англија, за тоа како во 1976 во лабораторијата Fred Sanger's Lab (која се наоѓа во познатиот институт каде DNA за прв пат била објаснета од Ватсон и Крик) отишол да го истражува секвенционирањето на гените (односно како да се детерминира подредувањето на илјадниците врски кои ја градат двојната спирала на DNA). Тој му објансувал на Hutchinson во кафетерија као тие правеле кратки синџири од нуклеозиди врски (слично како во DNA) за употреба во сепарација и чистење на DNA фрагментите. Нивните техники се базирале на природниот афинитет на едниот синџир од DNA молекулата за да се поврзе со синџир кој претставува негова огледална слика (погледнете под Наука - подолу). Напоредно со овие достигнувања, тој истовремено сватил дека истата техника може да биде искористена за да се поттикнат мутациите, но секако тоа значело да се промени правецот на истражувањето - и тоа не за првпат. Тоа на Smith и неговиот тим му одзело неколку години за да го усовршат методот. Во овој процес тие мораа да научат нови техники и да развијат нови процедури.

    Историја

    Мајкл Smith е роден во работничко семејство во Блекпол, Англија. Неговата мајка и татко морале да работат од својата најрана возраст, мајка му во еден хотел, а татко му во маркетот кој припаѓал на неговиот татко. Во тоа време во Англија децата на работничката класа морале да полагаат испит наречен „единаесет плус“, кога тие имале по единаесет години и тогаш се одлучувало дали тие ќе го продолжат своето школување во приватно училиште, а подоцна и на универзитет или само во јавните училишни установи каде би изучувале трговија и би го завршиле школувањето веќе на 16 годишна возраст. Smith поминал одлично на тестот единаесет плус и му било понудено стипендија во локално приватно училиште наречено Arnold School, но тој не сакал да оди бидејќи таму учениците биле сметани за снобови и тој мислел дека неговите другари ќе се подбиваат со него. Но за негова среќа неговата мајка инсистирала да оди.

    Тој период во животот на Smith не бил баш најсреќниот, бидејќи загубил голем број од своите стари пријатели. Морал да ја пишува домашната работа секоја вечер, што не било случај со неговите другари. На него не му се допаѓала ниту храната во Arnold School но морал да ја јаде поради строгите професори. Не бил успешен во спортовите кои во локалните англиски училишта било од голема важност. Кругот на неговите нови пријатели во новото училиште бил многу мал. Неговите предни заби штрчеле нанапред поради што бил задеван од неговите нови пријатели. Но бил испратен на забар со цел да се отстрани тој негов недестаток и заболекарот го запознал со здружението на извидниците каде што запознал многу нови пријатели и научил за кампувувањето во природата. Можеби поради неговата љубов кон природата Smith одлучува да се смести во Ванкувер, Канада .

    Smith имал само 7 години кога втората светска војна завршила, иако тие живееле во северниот дел од Англија, тој сепак се сеќава на едно бомбардирање од страна на Германците, кога бомби паднале на обете страни од нивната куќа, едвај промашувајќи го него и неговиот брат Робин. Неговата мајка и неговиот татко во тој момент не биле дома.
Smith не отишол во престижен Англиски универзитет како што е Оксфорд, туку се запишал на Manchester University. Тој се надевал дека ќе влезе во првата класа на дипломирани студенти по наука, но за жал тој бил „B“ студент. Тој бил многу разочаран, но сеуште му останала државнатастипендија со којашто успеал да го комплетира неговиот докторат.

    Smith сакал неговиот посдокторски истражувања да ги продолжи негде на западниот брег на USA, поради што испратил писма на многу Универзитети од западниот брег, но бил одбиен од сите нив. Тогаш во 1956 година тој слушнал за еден млад научник од Ванкувер, Канада, Gobing Kharana, кој што имал положба која што му овозможила работа за билошката важност на молекулите. Тоа не била хемија за која што тој бил кфалификуван, а со тоа и било многу потешко, но тој сепак отишол во Канада. Таму започнал да учи за хемијата која што подоцнаќе го одведе кон Нобеловата награда. Kharana исто така добил Нобелова награда во 1968 година за неговатаработа во врска со генетскиот код-работа во која Smith учествувал во периодот на 50 години во UBC (Smith се преместил во Kharana групата во Висконсин во USA во 1960 година, но во 1961 година се вратил повторно во Ванкувер).

    Четири години Smith работел на Fisheries Research Board of Canada Laboratory во Ванкувер и објавил многу статии во врска со морксите ракови и лососи, но сепак успеал до го одржи неговото истражување во областа на DNA хемијата, а доказ биле признанијата однадвор. Лабораторијата била сместена во UBC кампусот и поради неговата соработка со многу професори на биохемија и медицина во 1966 година тој бил избран за професор по биохемија на Факултетот за медицина каде работи и денес.

    Наука

Молекуларната биологија гo изучува биолошкиот систем на ниво на индивидуални молекули. Michael Smith експерт за молекулата на DNA и за помалите молекули кои телото ги употребуваат за да ја создаде DNA (молекулата која ги формира нашите гени, инструкции кои се неопходни за да се создаде секој дел од човечкиот организам). DNA е голема молекула на извиткан ланец. Всушност тоа се 2 ланци испреплеткани меѓусебно.

  1. Мал дел од големата DNA молекула претставува скелет направен од дезоксирибоза-тип на шеќер. Скелетот на шеќерните сегменти се сите исти, но тие имаат по една од 4 различни основни групи, Аденин, Тимин, Цитозин и Гванин. Аденинот од едниот шеќерен ланец секогаш се поврзува со тиминот од другиот, слично и Цитозинот секогаш се поврзува со Гванинот. На ваков начин едниот ланец од DNA е лик во огледало на другиот ланец. Вистинската DNA молекула може да продолжи со поврзување на илјадници нуклеински киселини
  2. Нуклеозидот Гванин. Фосфатниот шеќер е на левата базната група е на деснo. Двата водородни атоми и едниот кислороден атом сместени нанадвор (крајно десно) ја формираат врската на Цитозинот со сестринскиот ланец.
  3. Идејата за Smith за која ја добил Нобелова награда била да се пропушти синтетичкиот синџир на олигонуклеотиди во DNA молекулата само на едната страна (Вештачки значи биле синтетизираниа во лабораторија). Вештачкиот сегмент бил придодаден на нормалнат DNA користејќи стандардни хемикалии за раскинување и повторно составување на DNA ланецот. Но има една „грешка“ во олигонуклеотидот, тој има Аденин каде што би требало да има Гванин. Ова е направено со цел за да се создаде мутација. Четирите нуклеотиди кои што следат и над Аденинот се однесуваат како еден вид на адреса која што придонесува за истегнувањето на DNA молекулата за да се состави со одвоениот дел од долгата DNA молекула. (Кај човекот потребни се само 17 нуклеотиди за да се дефинирa еднозначно составот на околу 100.000 гени).
  4. Кога оваа нова променета DNA е ставена во некој организам да речеме во бактерија, ќе се развие во нормален процес на растење и репродукција, едната половина од DNA молекулата ќе се рекомбинира нормално и ќе добиеме нормална копија од оригиналниот ген нормална бактерија. Но другата страна со синтетичкиот олигонуклеотидот ќе создаде мутација поради тоа што Тиминот е на местото каде што би требало да е цитозинот. Со тоа самата мутација во бактеријата може да доведе до појава на особини или функциишто таа никогаш порано не ги поседувала.
  5. Три места на специфична мутација се возможни со смитовата техника. а субтитуција на еден нуклеотид со друг како што беше случајот б) делеција на нуклеотидите в) адиција на екстра нуклеотид кон ланецот. Пред Смитовата техника не постоел начин за да се создаде специфична мутација. Ние моравме да изложиме еден куп на организми на радијација или на хемикалии кои што ќе предизвикаат секакви видови на мутации, тогаш ќе мораат да се селектираат една од нив, онаа која што ти треба. Но во ваква ситуација се е препуштено на случајност

    Мистерија - било некогаш

    Денес сите низи на DNA во сите гени на човечкото тело се познати како човечки геном. Smith веруваше дека ова ќе го промени начинот на кој што луѓето истражуваат во областа на биологијата. Тие гени го имаат кодот или „рецептот“ за сите 100.000 протеини што го прават човечкото тело. Потешкиот дел би бил откривањето кој дел од човечкиот геном е за што, одбирајќи што е поважно, отстранувајќи ги поважните делови на DNA од останатите.

Забелешка

Michael Smith почина на 4 октомври 2000, Ванкувер, Канадa. Овој текст е напишан пред неговата смрт.

Превод: Костова Светлана

 Нобеловци

Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Jens Christian Skou (1997)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)
Harold Clayton Urey (1934)
Irving Langmuir (1932)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
ChemExper (5733 посети)
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5725 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net