Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Vladimir Prelog

Роден на 23 Јули, 1906 година во Сараево, Босна и Херцеговина, која тогаш била под Австро-Унгарската монархија и покасно 1918 е дел од Југославија. Како што самиот знае да каже дека неговото родно место има репутација во западниот свет како место од каде се започнало. Впрочем тој како осум годишно дете стоел блиску местото каде биле убиени Франц Фердинант и неговата жена. На почетокот од првата светска војна во 1915 се преселува во Загреб каде завршува гимназија. Во периодот од 1924 до 1929 студира хемија на Чешкиот институт за технологија во Прага, Чехословачка. Негов ментор бил Емил Воточек еден од првите хемичари истражувачи во Чехословачка. Негов ментор во текот на додипломските студии бил Рудолф Лукеш. Самиот Владимир Прелог вели дека на Лукеш му должи најмногу за своето најрано научно образование кој останал негов близок пријател се до неговата прерана смрт во 1960. Покрај овие два учители тој им оддава голема почит и на Роберт Робинсон, Кристофер Инголд и Леполд Ружичка.

Со завршувањето на неговите студии се здобива со титулата инженер во 1929 година, се совпаднало со големата економска криза па поради тоа не бил во можност да најде соодветна академска положба. Бил многу благодарен со позиција во новата лабораторија на Г.Ј.Дриза во Прага, каде работел на синтеза на ретки хемикалии. Во тие моменти тој имал скромна можност да изведува какви-такви истражувања, истовремени потиснувајќи ја желбата да работи во академска средина. Токму поради таа негова желба тој ја прифаќа поканата да работи како лектор на Универзитетот во Загреб во 1935. Таму ги работи сите задолженија кои би требало да ги врши еден професор и да живее со плата на недоволно платен асистент, но како што самиот вели, и да знаел тоа немало да игра улога на неговата одлука. Во соработка со неколку млади ентузиасти развил мала фармацевтска фабрика и во моментите кога биле пред решавање на некои значајни проблеми започнала Втората светска војна. Во тие години Прелог соработува со хрватската фармацевтска фабрика Кастел која соработка не ја прекинува ни подоцна кога станала водечка хрватска фабрика Плива од Загреб. Плодови на неговата работа во Загреб се неколкуте генерации на млади научници кои излегуваат од неговата лабораторија. По германската окупација на Загреб во 1941 му станало јасно дека би имал големи проблеми ако остане во Загреб. Во таа критична точка добил покана од Рикард Кух да држи предавања во Германија и по кратко време добил покана од Леополд Ружичка да наврати кај него на патот кон Германија. Со тие две покани била голема веројатноста да успее да побегне во Швајцарија со неговата жена. Со помош на Ружичка Прелог добива подршка од CIBA Ltd. и почнува да работи во Органската хемиска лабораторија на Федералниот Универзитет во Цирих. Соработката со Ружичка траела многу години која му овозможила, неговата бавна кариера во почетокот да заврши со академска висока титула. Започнал како асистент за да во 1952 година достигне до титулата професор (профессор ад персонам). Во 1957 година го заменува Ружичка како шеф на лабораторијата, позиција за која Прелог никогаш не ни сонувал. Опколен и подржан од група млади многу способни колеги, конечно успеал да се постави како стабилен и угледен научен работник. Тредејќи се да работата ја достигне својата важност преку тимската работа како и финанската подршка со што се трудел да ги задржи своите вработени кои добивале многу примамливи понуди од другите универзитети.

Главните интереси на Владимир Прелог биле природните соединенија од adamantane и aialoids до rifamycins и boromycin. Додека работел на природните соединенија стререохемиски проблеми се јавувале на сите страни. За стереохемијата Прелог се повикува на мислењето на E. L. Eliel кој посочува дека стереохемијата не е баш некоја бранша од хемијата туку само начин на гледање во хемијата, која била е и ќе биде забавно да се најде нови точки на гледишта. За тие нови гледишта кои самиот ги пронашол и дефинирал Прелог ја добива Нобеловата награда за хемија во 1975 за истражувањата врз стереохемијата на органските молекули во реакциите, а австралискиот научник Џон Корнфорт ја добива другата половина од наградата кој работел во истата област.

Се пензионира во 1976 година но останува во Советот на директорите на фармацевтската компанија CIBA-Гајги во Базел. Во соработка со своите колеги објавува над 300 трудови во странски научни списанија.

Како што самиот вели патувал многу, а со тоа држел предавања на околу 150 места. Тргнувајќи од тоа дека патувал многу тој не зборува течно ниту еден јазик. Самиот се сомнева дека многу луѓе доаѓале на неговите предавања бидеќи уживале во неговиот странски недефиниран акцент.

Се оженил со својата сопруга Камила во Прага 1933, а неговиот син Јан се родил во Цирих во 1949 година.

Неговото Југословенско државјанство го заменува со Швајцарско во 1959 година. Но сепак тој се чуствува како светски државјанин и е многу благодарен на својата нова држава.

Сепак се смета за многу среќен човек бидејќи патот од Сараево до Стокхолм бил многу, многу долг и тежок. Патувањето ќе немало среќен крај ако ја немало помошта од многу пријатели колеги, соработници и на достигнувањата на поранешните хемичари на кои секогаш можеме да се потпреме. 

 Нобеловци

Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Jens Christian Skou (1997)
Kary B. Mullis (1993)
Michael Smith (1993)
Harold Clayton Urey (1934)
Irving Langmuir (1932)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4641 посети)
Карикатури (4624 посети)
Станувајќи алкохол (4613 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4612 посети)
Словенската и хемиската писменост (4612 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net