Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Harold Clayton Urey

Harold Clayton Urey е роден на 29 aприл, 1893 година во Walkerton, Индијана, САД, како едно од трите деца на Samuel Clayton и Cora Rebecca Urey. Татко му, кој по професија бил учител, умрел кога Харолд имал шест години. Потоа, мајка му се премажила и тој добил две полусестри. Основно училиште завршил во Индијана.

После завршувањето на средното училиште во 1911 година, Urey бил учител во неколку селски училишта во Индијана и Монтана, каде што неговото семејство се преселило. Во 1914 год. се запишал на Универзитетот во Монтана, каде што после три години дипломирал на зоологија, со втор предмет хемија. Се до крајот на Првата Светска Војна, работел како индуструски хемичар во Филаделфија. Потоа се вратил во Монтана, каде работел како инструктор по хемија. Тука, заедно со G. N. Lewis, вршел термодинамички испитувања на молекулски спектри и на распределбата на електроните во орбитите на возбудени водородни атоми. Откако докторирал во 1923 година, заминал во Копенхаген и на тамошниот универзитет работел на развојот на атомската и молекуларната физичка наука. Работел со голем број познати научници, како Нилс Бор, Вернер Хајзенберг, Алберт Ајнштајн. Urey во 1924 год. се вратил во САД и станал соработник по хемија на Универзитетот Џон Хопкинс, а подоцна и на Универзитетот Колумбија. Неговите истражувања биле насочени кон експериментална и теоретска работа во областа на спектроскопијата и квантната механика, а неговата книга Атоми, молекули и кванти станала основа за оваа тема.

Во тоа време се оженил со Фрида Даум, со која иамл три ќерки и еден син.

Во 1931 год. Харолд прочитал статија во Physical Review Letters во кое се зборувало за изотопот на водород, или тежок водород, како што уште бил познат. Во тоа време, поради идентичната елктронска конфигурација, изотопите се сметале за хемиски неделливи. Urey и некои негови колеги кои имале познавања за нуклеарните спинови и магнетните и квадруполните моменти, не се согласувале со ова. Поради тоа, тие решиле да направат низа од експерименти со кои сакале да утврдат дали изотопот навистина постои. Urey увидел дека разликите во масите на двата изотопи на водородот може да доведат до промени во спектралните линии на водородот кои ќе можат да се детектираат. Верувајќи дека уделот на тешкиот водород е премногу мал за да биде детектиран спектроскопски без претходна концетрација, Urey, врз основа на своите пресметки за парните притисоци на водородот и деутериумот, утврдил дека деутериумот ке биде концентриран во течноста што ќе остане, по отпарувањето на течниот водород. Бидејќи во Њујорк немало доволно течен водород, тој побарал од неговиот пријател Фердинанд Бриквид кој се наоѓал во Вашингтон, да добие еден или два милилитри на водород, со испарување на шест литри течен водород на температура од 20 К. чекајќи да пристигне збогатениот водород, Urey и неговиот помошник Марфи извршиле пресметки за тоа колкаво треба да биде зголемувањето на содржината на деутериум. Меѓутоа, првиот примерок со збогатен водород не покажал зголемување на содржината на деутериум поради погрешната постапка за втечнување на водородот. Втората пратка на збогатен водород, која била приготвена со испарување на температура од 14 К, веќе покажала добри резултати, па Urey го објавил откривањето на деутериумот. Потоа, било утврдено дека со помош на електролиза на водата, тој може да се концентрира во форма на деутериум оксид (тешка вода). Било утврдено и дека јадрото на деутериумот е високо-енергетски проектил кој предизвикува поинакви нуклеарни трансформации од водородот. Бидејќи деутериумот може да учествува во истите хемиски реакции во кои учествува и водородот, но сепак се разликува од него, тој се користи во проучување на механизмите на различни реакции. Ова нашло голема примена во биохемиските истражувања.

Поради големата важност на ова негово откритие, Harold Urey, во 1934 година добил Нобелова награда за хемија.

Способноста за раздвојување на изотопи, го довела Urey во групата на научници која работела на издвојување на 235U за прозводство на атомска бомба, за време на Втората Светска Војна. Поради загриженоста од уништувачките последици на нуклеарното оружје, тој го напуштил проектот и заминал во «икаго каде што станал професор. Во «икаго продолжил со неговата работа на изотопи, и претпоставил дека влијанието на температурата врз рамнотежата која постои при размена на кислороден изотоп помеѓу карбонатен јон и вода може да се користи при определување на температурата на океаните во далечното минато. Ова подоцна и експериментално било потврдено, па денес, температурата на старите океани може да се определи со помош на мерење на односот на 18О и 16О во калциум карбонатот од школки кои живееле во тоа време. Со мерење на содржината на 18О и 16О во метеоритите, утврдил дека хемискиот и изотопскиот состав на метеоритите и другите вселенски тела ги ограничува можните процеси со кои се создале истите. Така на пример, тој заклучил дека Месечината никогаш не била стопена и дека нејзината содржина дава поприближни резултати за содржината на облакот од прашина од кој настанале вселенските тела, отколку содржината на Земјата. Поради ова, тој се залагал истражувањата на Месечината да земат главно место во Американската вселенска програма. Подоцна, тој морал да ја отфрли оваа хипотеза бидејќи била во спротивност со доказите донесени од Месечината со мисијата Аполо 11. Ја напишал книгата Планетите: нивното потекло и развој, во која дал хронологија за потеклото на Земјата, Месечината, метеорите и Сончевиот Систем.

Бил награден со повеќе од дваесет почесни докторати, десетина медали, а бил и почесен член на триесеттина организации и академии.

Починал во La Jolla во 1981 година.

Автор: Илинка Донова

 Нобеловци

Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Jens Christian Skou (1997)
Kary B. Mullis (1993)
Michael Smith (1993)
Vladimir Prelog (1976)
Irving Langmuir (1932)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4641 посети)
Карикатури (4624 посети)
Станувајќи алкохол (4613 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4612 посети)
Словенската и хемиската писменост (4612 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net