Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Истражувачки дефиниции

Следниве фрази, често може да се најдат во научните статии. Hemija.net ги пренесува за ваше просветлување. Изразите се преземени од статијата 'A glossary for research reports', од C. D. Graham, Jr., која се појавила во списанието Metal Progress, Вол. 71, Бр. 5, во мај 1957 год. Очигледно дека Graham имал прочитано огромен број статии до моментот кога се решил да ја напише оваа компилација.

ФРАЗА: „долго време се знае дека...“
ДЕФИНИЦИЈА: Ме мрзеше да ја побарам оригиналната референца.

ФРАЗА: „Од голема теоретска и практична важност е...“
ДЕФИНИЦИЈА: Ми изгледаше интересно.

ФРАЗА: „Не беше можно да се даде сигурен орговор на тие прашања...“
ДЕФИНИЦИЈА: Експериментот не функционирање, но јас решив да ги публикувам резултатите.

ФРАЗА: „Екстремно висока чистота“
ДЕФИНИЦИЈА: Составот, всушност не е познат, но така тврди производителот.

ФРАЗА: „Три примероци беа искористени за понатамошно испитување...“
ДЕФИНИЦИЈА: Резултатите добиени од останатите примероци не покажаа никакви резултати и затоа се отфрлени.

ФРАЗА: „Експериментот беше изведуван многу внимателно“
ДЕФИНИЦИЈА: Не се истури по подот.

ФРАЗА: „Иако некои детали се изгубени при обидот за репродукција на спектрарот, од оригиналниот спектар може да се каже дека...“
ДЕФИНИЦИЈА: Не е можно ништо да се каже врз основа на оригиналниот спектар.

ФРАЗА: „Типичните резултати се прикажани...“
ДЕФИНИЦИЈА: Најдобрите резултати се прикажани

ФРАЗА: „Најдобри резултати покажуваат изтражувањата на Jones...“
ДЕФИНИЦИЈА: Jones е мој студент.

ФРАЗА: „Согласноста на предвидените резултати со експерименталните е извонредна“
ДЕФИНИЦИЈА: Слаба

ФРАЗА: „... добро“
ДЕФИНИЦИЈА: лошо.

ФРАЗА: „...задоволително“
ДЕФИНИЦИЈА: Нејасно.

ФРАЗА: „... лошо“
ДЕФИНИЦИЈА: Имагинарно.

ФРАЗА: „... редот на големина на податоците е точен“
ДЕФИНИЦИЈА: Погрешно.

ФРАЗА: „Верувам дека...“
ДЕФИНИЦИЈА: Мислам...

ФРАЗА: „Општо е прифатено мислењето дека...“
ДЕФИНИЦИЈА: Уште неколкумина го делат ова мислење.

ФРАЗА: „Може да се каже дека...“
ДЕФИНИЦИЈА: Имам толку добар одговор за тaа забелешка и еве веднаш ќе ви го кажам.

ФРАЗА: „Јасно е дека уште на тој проблем ќе треба да уште да се работи за да се разбере...“
ДЕФИНИЦИЈА: Ништо не разбрав.

ФРАЗА: „Благодарност за Еди Којси за помошта при експерименталната работа и на John Doe за корисните дискусии.“
ДЕФИНИЦИЈА: Еди Којси сработи се, а John Doe ми објасни за што станува збор.

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
ChemExper (5733 посети)
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5725 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net