 |
- Лабораториски дијамант се добива со разложување на калциум
карбонат според реакцијата:
CaCO3 --> CaO + CO2
- Смеса од 80 % хелиум и 20 % кислород се користи за дишење
при одронување на карпи во некои вдлабнатини!
- Калајот... во присуство на минералите неговата
распространетост се зголемува!
- Арсенот не образува голем број соединенија поради неговата
отровност. Името му доаѓа од зборот арсин што значи змија, што укажува на
неговата отровност.
- На испит по Аналитичка хемија поставеното
прашање гласи: Кои услови треба да ги исполнува една хемиска реакција за да може да се применува во гравиметрија?
Одговор:
Да биде (се мисли реакцијата) аналитички чиста, да не впива влага и да е хигроскопна.
- Студент од четврта година на вежби по предметот
Хемиска контрола на технички материјали го прашува асистентот: "Кој индикатор се користи за перманганометриско определување на манган?
- Студент од насоката биологија-хемија на вежби по
Аналитичка хемија после извршени две титрации (волумени на потрошен стандард: 10,5 mL и 11,0 mL) предава средна вредност за потрошениот волумен 16,0 mL. На сугестијата од асистентот да се провери резултатот судентот одговара дека проверил и дека тоа е резултатот кој го добива. Средна вредност која, се добива доколку правилно се работи со калкулатор изнесува
(10,5 mL + 11,0 mL)/2 = 10,75 mL, студентот. Тоа што студентот го предал како резултат е
10,5 mL + 11,0 mL/2 = 16,0 mL, што е точно, но не е средна вредност.
- Паулиевиот принцип гласи: Сите молекули во еден атом не може да бидат исти. (потекло: Рударско-геолошки факултат, Штип)
- Паулиевиот принцип гласи: Сите молекули во еден атом не може да бидат исти и со електрони. Коментар: овој колега препишал од претходниот. (потекло: Рударско-геолошки факултат, Штип)
|
|