Студентски легенди |
||||||||||||
![]() |
Дали знаеш кој сум јас?Кога се оди на испит во група кој има голем број на студенти вообичаено е да се покаже индекс на асистентот или професорот за да се потврди идентитетот на студентот. Легендата кажува дека некој студент заборавил да ја понесе студентската легитимација за испитот. Затоа кога завршил со испитот, отишол кај асистентот и го запрашал "Дали знаете кој сум јас?" Не, одговорил асистентот. Добро, рекол студентот и го земал купот од испити пред асистентот го вметнал неговиот меѓу нив и ги фрилл во воздух расфрлајќи ги насекаде пред асистентот. Кај мајка ми е тестотЕден студент заминал на испит носејќи со себе два плави коверта и пенкало. Но на испитот имало прашања кои не ги знаел. Бидејќи бил бистар дечко но мрзлив, па се сетил на следното нешто. Во еден од двата коверти напишал писмо за мајка си, кажувајќи и дека завршил со испитот и дека додека чека другар му да заврши и го пишува писмото. И се извинил бидејќи не и пишал порано, а причината била дека, демек, се спремал за испитот кај овој асистент, кој бил добар човек, но со високи стандарди. Кога истекло времето за испитот „по грешка“ писмото за мајка му го предал во ковертот кој му го дал кај асистентот, а испитот со (отпосле) точно одговорени прашања го пратил на адресата на мајка си. Кога асистентот го нашол писмото го повикал студентот. Студентот му кажал за каква грешка се работи и и се јавил веднаш на мајка си за да му го прати ковертот со испитот. Макја му го пратила писмото со испитот и ковертот на кој можел да се види дека датумот на испраќање е датумот на кој испитот е одржан. Пократок тест?!Студент поминувал покрај канцеларијата на еден од своите асистенти и решил да влезе на консултации. Во текот на консултациите асистентот накратко ја напуштил канцеларијата оставајќи ги на масата примероците од испитот кој требало да се одржи утредента. Студентот не му одолеал на искушението и замал еден од нив. Пред полагањето асистентот ги преброил тестовите и забележал дека еден недостига, се посомневал во студентот. Затоа со ножици сите тестови ги скратил по еден центиметар од празниот дел на дното од листот, и им ги поделил на студентите. А по предавањето на испитите од страна на студентите го фатил невештиот крадец чиј тест со испитните прашања бил подолг за еден сантиметар. |
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net