Хемичари
сме
-флуктуираме
и дестилираме,
-декантираме
и филтрираме.
Молови броиме
-реакции строиме.
Не сме криви
што сме живи
па експериментираме
и резултати фризираме.
Кога нè фаќа апатија
-мериме енталпија
кристални соли растворуваме
-јоните ги диспергираме.
Талозите ни се лесни
намерите ни се чесни.
Тресеме епрувети,
колби, ерленмаери и бирети...
Е,
околу биретата сега...
Мене срцето ми се стега...
Зошто?
Затоа што умре звучно
односно се скрши таа бучно.
Кој клати тој ќе плати
ми одѕвонува во мојата глава.
Но не ќе да е така...
Ме чеша десна рака
-дали е за мене тоа крај
или користиме ефтин сјај?!
Но, ќе се извлечеме анонимно
и ќе платиме колективно.
Затоа што:
Хемичари сме
-жариме
и вагаме
-пипетираме
и титрираме.
Колоиди сушиме
со амонијак се гушиме.
Горди сме и сложни
-а тоа, ќе признаете, е најважно.
еден за сите, сите за еден
е нашето мото кратко
кое во главава одѕвонува слатко.
Хемичари сме
-добри сме во сè!
А околу биретата...
Што да правиме...
Ќе ја платиме штетата.
Автор: Владимир Манговски (работно место бр. 6 -
инструментална анализа)
(авторот е студент на хемија - применета насока од
генерацијата 2005/6, инаку највнимателниот студент во својата генерација.
Инспирацијата за песната ја има добиено од вежбите по аналитичка хемија и
инструментална анализа.) |