Wikipedia

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Пирофорност на силанот

Експеримент бр. 3

Во овој експериемент е опишана директна синтеза на магнезиум силицид и негова реакција со хлороводородна киселина при којашто се добива силан, а кој во контакт со воздухот се самозапалува.

Потребен прибор

Лабораториски чаша од 100 mL, вага, сталка со епрувети, метален статив со муфа и клема, аванче со толчник, пинцета, лажички, гасна греалка и кибрит.

Хемикалии

2 g магнезиум во прав
2 g дијатомејска земја
20 mL хлороводородна киселина

Слика 1. Апаратура за изведување на пиролизата
Слика 2. Магнезиум силицид - продукт на реакцијата

Начин на работа

На лист хартија се врши мешање на магнезиум и дијатомејска земја. Приготвената смеса се става во епрувета која се поставува на апаратура според Сл. 1. Се загрева со гасна греалкана. При тоа, се отпочнува со лепезасто загревање по што смесата силно се загрева и тоа не кај дното на епруветата туку на другиот крај од смесата. Штом се забележи зажарување се прекинува со загревањето. По оладувањето на епруветата соджината се вади со истурање или ако тоа не е можно со кршење на епруветата во аванче. Ако тоа се прави на последниов начин со пинцета се отстрануваат парчињата стакло, а супстанцата (Сл. 2) се собира во епрувета или чаша. Во лабораториска чаша се става хлороводородна киселина. Се повикува на внимание и во чашата со лажичка се става од супстанцата. Се следат промените.

Резултати и заклучоци

Во реакциониот систем од магнезиум и силициум диоксид можни се повеќе хемиски реакции. Во зависност од количинскиот однос, влажноста на реактантите и температурата како продукти може да се добијат: аморфен силициум, магнезиум силицид, водород и магнезиум оксид. Во прв чекор, може да се забележи оросување на ѕидовите од епруветата доколку реактантите не се доволно суви. При силно загревање тече реакција на добивање на елементарен силициум:

Слика 3. Зажарување на реакциониот систем

2Mg(s) + SiO2(s) = Si(s) + 2MgO(s)

Штом реакцијата ќе отпоче таа самата понатаму се одражува како резултат на нејзината егзотермна природа и ослободувањето на големото количество топлина (Сл. 3).

Доколку магнезиумот е во стехиометриски вишок според оваа равенка (како што е во овој случај) или не е постигната добра хомогенизација, се одвива реакција прикажана со следнава равенака:

2Mg(s) + Si(s) = Mg2Si(s)

При тоа не е исклучена можноста од добивање на серија магнезиум силициди (MgxSiy каде x>1).

Магнезиум силицидот во контакт со хлороводорoдната киселина учествува во реакцијата на добивање силан:

Mg2Si(s) + HCl(aq) = SiH4(g) + MgCl2(aq)

Слика 4. Самозапалување на силанот

Силанот, пак, во контакт со кислородот од воздухот се самозапалува. Тоа може да се види на Сл. 4. Горењето се одвива со ослободување на светлина, потпукнување и создавање на чад кој во својот состав содржи честички од силициум диоксид:

SiH4(g) + 2O2(g) = SiO2(s) + 2H2O(g)

Овој чин на самозапалувањето на гасот е пример за пирофорен гас. Експериментот е спектакуларен и може да се предложи како експеримент за хемиска секција.

Забелешки

Загревањето на реакционата смеса најдобро е да не се врши при дното од епруветата заради можното присуство од влага која во реакција со магнезиумот:

Mg(g) + H2O(l) = H2(g) + MgO(s)

ќе генерира водород и поради негова реакција со кислородот можно е потпукнување следено со исфрлање на содржината од епруветата во околината. Доколку се загрева на другиот крај од смесата како што се препорачува можно е само потпукнување но не и исфрлање на смесата.

Методија Најдоски

 Експерименти

Благодарност
Услови за употреба на содржините
За Експерименти за вас

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
ChemExper (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5724 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net