350.org

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Пирофорно олово

Експеримент бр. 2

Овој експеримент опишува добивање на олово(II) тартарат, негова пиролиза и едноставна демонстрација на својството пирофорност. Последново се прикажува со истурање на добиеното пирофорно олово во тава со песок. Се набљудува спектакуларно самозапалување и горење на пирофорното олово.

Потребен прибор

Две лабораториски чаши од 100 mL, инка, мензура, стаклено стапче, сушилница, вага, филтерна хартија, сталка со епрувети, метален статив со метален прстен, муфа и клема, метална тава со песок, лажички, пинцета, гасна греалка и кибрит.

Хемикалии

Воден раствор од олово(II) нитрат со c = 0,5 mol/L
Воден раствор од винска киселина или калиум натриум тартарат со c = 0,5 mol/L

Слика 1. Апаратура за изведување на пиролизата

Начин на работа

Во две лабораториски чаши се ставаат по 40 mL од растворите, а потоа при мешање со стаклено стапче од едниот раствор се додава кон другиот. Добиениот талог се плакне неколкупати со примена на декантација, се филтрира и се суши на 110 °C. По сушењето, дел од талогот се става до една четвртина од волуменот на епруветата. Потоа, во дигестор се поставува апаратурата во согласност со Сл. 1. Се загрева со гасна греалка, а при тоа, епруветата повремено се ротира, а создадената течност во епруветата се попива со филтерна хартија. Загревањето се врши се до целосно потемнување на белата супстанца во епруветата. Се препорачува продолжено загревање уште неколку минути. Епруветата се остава да се излади до собна температура (десетина минути, но и не е неопходно) и потоа се повикува на внимание и содржината се истура во тава со песок. И овој дел треба да се работи во дигестор.

Резултати и заклучоци

При мешањето на двата раствора се добива талог од олово(II) тартарат според следнава равенка:

Pb2+(aq) + OOC(CHOH)2COO(aq) = PbC4H4O6(s)

На овој начин се добива супстанца - прекурсор со чијашто пиролиза се приготвува пирофорно олово. При загревањето на олово(II) тартаратот доаѓа до негово разложување до елементарно олово кое е во состојба на фина дисперзија т.е. олово коешто се карактеризира со многу мал дијаметар на честичките. При долго загревање само делумно доаѓа до агрегација на честичките што значи дека некој од продуктите на пиролиза врши изолација на честичките и ги одржува одвоени. Најверојатно се работи за честички од јаглерод. Имено, она што се добива по пиролизата е најверојатно смеса од олово и јаглерод.

Слика 2. Самозапалување на продуктот
Слика 3. Продукт на горењето

При истурање на содржината од епруветата и овозможување контакт со кислородот од воздухот доаѓа до спектакуларно самозапалување проследено со пламен и чад (Сл. 2).

Процесот на согорување може да се прикаже со следнава равенка

2Pb(s) + O2(g) = 2PbO(s)

Главен продукт на согорувањето е олово(II) оксид кој како еден дел се простира во чадот, а еден дел паѓа на песокот (Сл. 3). Како што може да се види од сликата во центарот на жолтата супстанца постои и нешто црвено. Тоа е најверојано оксидот Pb3O4 познат под името миниум. Доколку постои присутен јаглерод тој најверојатно заради степенот на дисперзија целосно согорува.

Забелешки

При приготвувањето на олово(II) тартаратот пожелно е да се додаде вишок од тартаратот за да дојде до поцелосно таложење на јоните од оловото.

Заради создавање на продукти на распаѓањето кои непријатно мирисаат и кои можеби се опасни за здравјето, пиролизата на олово(II) тартаратот мора да се изведува во дигестор или да се обезбеди нивна елиминација.

Пирофорното олово се тек на време ја губи пирофорноста и затоа не се препорачува приготвување и чување. Имено, неопходно е негово приготвување непосредно пред демонстрацијата.

Методија Најдоски и Даниела Стојановска

 Експерименти

Реакција на метали со хлороводородна киселина (2007-07-18)
Термохромизам на македонското знаме (2006-08-12)
Живино срце - со извор на електрична струја и раствор од сулфурна киселиа (2005-09-18)
Живино срце - класична варијанта (2005-09-15)
Пирофорност на силанот (2004-09-05)
Гел од кополимер на поли(натриум акрилат) и полиакриламид: фазна претворба (2004-09-01)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net