Wikipedia

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Пирофорно железо

Експеримент бр. 1

Со мешање на раствори кои содржат оксалатни јони и железо(II) јони се добива жолт талог. Оваа супстанца може да се искористи како прекурсор за добивање пирофорна супстанца. Последнава во контакт со кислородот од воздухот се зажарува.

Потребен прибор

Две лабораториски чаши од 100 mL, инка, стаклено стапче, сушилница, вага, филтерна хартија, сталка со епрувети, метален статив со метален прстен, муфа и клема, метална тава со песок, пинцета, лажички, гасна греалка и кибрит.

Хемикалии

5,6 g железо(II) сулфат хептахидрат
2 g оксална киселина

Слика 1. Апаратура за изведување на пиролизата

Начин на работа

Во две лабораториски чаши се приготвуваат по 40 mL водни раствори од оксална киселина и железо(II) сулфат. Потоа, при мешање со стаклено стапче од едниот раствор се додава кон другиот. Добиениот талог се плакне неколкупати со примена на декантација, се филтрира и се суши на температура 180 °C. По сушењето, дел од талогот се става во епрувета до волумен една четвртина на епруветата. Потоа, во дигестор се поставува апаратурата според Сл. 1. Се загрева со гасна греалка. При тоа, епруветата повремено се ротира, а создадената течност во епруветата се попива со филтерна хартија. Загревањето се врши се до целосно поцрнување на жолтата супстанца во епруветата. Епруветата се остава да се излади до собна температура (десетина минути, но и не е неопходно) и потоа се повикува на внимание и содржината се истура во тава со песок.

Резултати и заклучоци

При хемиска реакција меѓу јоните на железото, оксалатните јони и водата се добива железо(II) оксалат дихидрат според следнава равенка:

Fe2+(aq) + OOCCOO(aq) + 2H2O= FeC2O4•2H2O(s)

На овој начин се добива жолт талог од желозо(II) оксалат дихидрат. Оваа супстанца е прекурсор за добивање на пирофорна супстанца со која ќе се демонстрира пирофорноста. Целта на сушењето на релативно висока температура е добивање на безводна сол со што ќе се намали волуменот на течна фаза којашто се создава во текот на пиролизата на оваа сол.

Слика 2. Самозапалување на продуктот
Слика 3. Продукт на горењето

При истурање на содржината од епруветата во тавата со песок и овозможување контакт со кислородот од воздухот доаѓа до зажарување и создавање на искри (Сл. 2).

За очекување е при пиролизата да се добие елементарно железо кое се споменува и во еден дел од изворите на информации за овој експеримент кои се достапни на интернет. Меѓутоа, изведени се неколку експерименти кои укажуваат на тоа дека продуктот (продуктите) не содржат железо или го содржат во многу мали количества (видео експеримент 2). Имено, во една епрувета е извршена пиролиза на прекурсорот, а во друга е ставено железо во прав. И во двете епрувети е додадена хлороводородна киселина. Споредбата покажува дека во епруветата со железо доаѓа до ослободување на водород за разлика од онаа со пирофорната супстанца каде растворот е значително обоен со жолтокафена боја. Со магнет е покажано дека железото значително повеќе се привлекува од магнет во споредба со пирофорната супстанаца. Заклучокот од ова би бил дека пирофорната супстанца не е чисто железо во прав, можеби е некоја од модификациите на железо оксидите која во контакт со воздухот се трансформира во железо(III) оксид (Сл. 3).

Забелешки

Заради создавање на продукти на распаѓањето кои непријатно мирисаат и кои можеби се опасни за здравјето, пиролизата на железо(II) оксалатот мора да се изведува во дигестор или да се обезбеди елиминација на гасовите.

Како и пирофорното олово така и оваа супстанца се тек на времето ја губи пирофорноста и затоа не се препорачува нејзино чување, т.е. неопходно е приготвување непосредно пред демонстрацијата.

Методија Најдоски и Даниела Стојановска

 Експерименти

Реакција на метали со хлороводородна киселина (2007-07-18)
Термохромизам на македонското знаме (2006-08-12)
Живино срце - со извор на електрична струја и раствор од сулфурна киселиа (2005-09-18)
Живино срце - класична варијанта (2005-09-15)
Пирофорност на силанот (2004-09-05)
Гел од кополимер на поли(натриум акрилат) и полиакриламид: фазна претворба (2004-09-01)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (5139 посети)
Карикатури (5102 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (5099 посети)
Словенската и хемиската писменост (5072 посети)
Станувајќи алкохол (5051 посети)
Бисери на мудроста (5036 посети)

 Статии

најчитани
Минерали од Македонија на компакт диск (5463 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (5435 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (5404 посети)
Љубов или хемија? (5329 посети)
Приказна за сапунот (5305 посети)
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина (5278 посети)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Indian Institut of Technology, Department of Chemistry (6365 посети)
Beer's Law (6355 посети)
ScienceDirect TOP25 Hottest Articles (6354 посети)
International Zeolite Association (6351 посети)
Збирка материјали за наставата во 21-от век (6349 посети)
Elementistory (6347 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net